22 Јуни, 2024
0.0381

ЕВЕ ДО КАДЕ Е СЛУЧАЈОТ „ЕРАЗМО“, КАДЕ ЕДЕН ОД ОБВИНЕТИТЕ Е ПРОФЕСОРОТ ШУКЛЕВ: Сега на потег е Апелација

Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Случајот „Еразмо“, во кој двајцата универзитетски професори Бобек Шуклев и Славе Ристевски, беа осудени на затворски казни и неколку години забрана за вршење на нивната дејност, се чека одлука од Апелација. Професорите беа обвинети дека барале пари, но и секс од студентки за оценки.

За тој случај Кривичниот суд во септември минатата година донесе пресуда, но по жалбите на осудените, предметот повторно отиде на Апелација, и сега е сеуште на разгледување во Апелационот суд.

А, не е прв пат Основниот кривичен суд да донесе пресуда со казна затвор за овие обвинети, бидејќи претходно во март 2020 година беше исто така за нив донесена осудителна пресуда, но Апелација реши предметот да го врати на повторно судење.

Но, и на повторното судење Кривичен досуди затворски казни, а осудените се жалеа и сега предметот е повторно на Апелација.

Она што сега е различно од претходниот пат, е дека Апелациониот суд, согласно законските прописи, нема да може предметот да го врати на повторно судење како претходниот пат, туку тој суд мора да донесе мериторна одлука. А тоа значи или да ја потврди одлуката за затворските казни што ги определи Кривичен суд, или да ги укине казните, или да ги намали годините затвор, или, пак, да ги зголеми.

Засега нема информации од Апелација кога би се донела одлуката за овој предмет.

А, како што во септември лани пишуваа медиумите, обвинетите професори Бобек Шуклев и Славе Ристевски од Економскиот факултет беа осудени со затворски казни од 4 и пол и 4 години, зошто барале пари и секс од студентки за оценки, а демонстраторот Драган Денковски беше осуден со условна казна од 2 години доколку во следните 5 години не го повтори делото, зошто посредувал помеѓу студентките и професорите.

Исто така, и професорите и демонстраторот добија забрана за вршење дејност во рок од 5 години, а времето поминато во затвор ќе им биде засметано во казната.

„Обвинетите Бобек Шуклев, Драги Јанев, Славе Ристевски и Драган Денковски виновни се затоа што во текот на 2016 година, обвинетот Шуклев побарал 1.000 евра од една студентка за да положи 2 испити, иако студентката на еден испит не покажала знаење, а другиот предмет не го пријавила, ниту полагала. Побарал од студент и секс, да дојде на 03.06 во 7 наутро, кога немало никој на факултет, или студентката да размисли дали сака во кола или во стан. И кажал дека вкупно ќе помогне за 6 предмети. Побарал и секс услуга и 700 евра во индексот. За професорот Драги Јанев побарал да донесе пари. Професорот Славе Ристески добил од 2 студенти 1000 евра и им напишал оценка 6 иако листовите на испитот ги дале празни. Откако сведокот Дејан Трајковиќ ги земал двата индекси со по 500 евра, побарал и бланко пријави за испит. Во текот на 2015 и 2016, обвинетиот Драган Денковски им помагал на професорите“, кажа тогаш судијката Јанчулева Михаиловска читајќи ја пресудата.

Затворската казна за Бобек Шуклев е од 4 ипол години за едно дело „примање поткуп“, додека пак Славе Ристевски за двете дела „примање поткуп“ доби казни од по 2 ипол години или единствена казна затвор од 4 години. Демонстраторот Драган Денковски пак, условната казна ја доби за сторени три кривични дела „давање поткуп“. Професорот Драги Јанев пак, кој исто така судот го прогласи за виновен, почина додека траеше постапката.

Како што е познато, Шуклев во пресудата од март 2020 година доби казна затвор од две години за примање поткуп. Професорите Драги Јанев и Славе Ристевски пак, беа осудени на две години и шест месеци затвор, а само демонстраторот Драган Денковски беше условно осуден, со обвинение дека бил посредник меѓу студентите и професорите.

Фактор побара информации од Основен Кривичен суд до каде е овој предмет, кој ја крена на нозе академската, но и пошироката јавност во земјава.

„Согласно извршените проверки Ве информираме дека предметот со КОК бр 65/21 во јавноста познат како ‘Еразмо’ е првостпено, по втор пат завршен пред Основниот кривичен суд Скопје, со пресуда од 07.09.2023 година со која обвинетите Б.Ш., С.Р. и Д.Д. се огласуваат за виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и се осудуваат на: Обвинетиот Б.Ш. казна затвор од 4 години и 6 месеци, Обвинетиот С.Р. казна затвор од 4 години, Обвинетиот Д.Д. на алтернативна мерка - Условна осуда од 2 години затвор која нема да се реализира доколку во следните 5 години не стори ново кривично дело. Воедно со пресудата на обвинетите им се изрекува и Забрана за вршење на професија и дејност во траење од 5 години по правосилноста на пресудата“, ни објаснија од Кривичен суд.

Оттаму додаваат и дека по добиена жалба, предметот со сите списи е испратен на надлежно постапување во Апелациониот суд Скопје, од каде сеуште не е добиена второстепена одука.

Претходно истиот предмет беше заведен како КОК бр. 115/16 за кој Првостепниот суд донесе исто така осудителна пресуда на 09.03.2020 година, која пресуда беше укината од Апелациониот суд и преметот вратен на повторно судење, ни објаснија од Кривичен.

Сега на потег е Апелација, по чија одлука ќе биде позната конечната одлука околу овој предмет. 

Фото: Принтскрин


Можеби ќе ве интересира

АФФ се извини за пцуењето на Даку на Македонија

АФФ се извини за пцуењето на Даку на Македонија

Владимир Нелоски би бил шеф на кабинетот на Мицкоски

Владимир Нелоски би бил шеф на кабинетот на Мицкоски

Украина и Молдавија ја преминаа Македонија во евроинтеграциите - добија датум за преговори

Украина и Молдавија ја преминаа Македонија во евроинтеграциите - добија датум за преговори

Јавниот превоз во Скопје пред колапс, приватните превозници најавија протест

Јавниот превоз во Скопје пред колапс, приватните превозници најавија протест

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

КАКО ПО ФИЛМСКО СЦЕНАРИО: со закани барале 80 илјади евра, па му го запалиле автомобилот

КАКО ПО ФИЛМСКО СЦЕНАРИО: со закани барале 80 илјади евра, па му го запалиле автомобилот

ЗАГИНАТАТА МАКЕДОНКА ВО ГРЦИЈА ИМАЛА САМО 29 ГОДИНИ: МНР го откри идентитетот и на повредените сопатнички

ЗАГИНАТАТА МАКЕДОНКА ВО ГРЦИЈА ИМАЛА САМО 29 ГОДИНИ: МНР го откри идентитетот и на повредените сопатнички

ЗМИИТЕ ЗАЧЕСТИЈА ПОРАДИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ: експертите советуваат „не паничете, и при каснување има време да се стигне на доктор“

ЗМИИТЕ ЗАЧЕСТИЈА ПОРАДИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ: експертите советуваат „не паничете, и при каснување има време да се стигне на доктор“

„КОЧАНИ СЕ ГУШИ ВО ТОКСИЧЕН ЧАД“: Левица со остра реакција „се согоруваат различни видови отпад, меѓу кои и пластика“

„КОЧАНИ СЕ ГУШИ ВО ТОКСИЧЕН ЧАД“: Левица со остра реакција „се согоруваат различни видови отпад, меѓу кои и пластика“