29 Април, 2024
0.0278

Еуролинк организира бесплатна школа по уметничко лизгање за деца од 6 до 14 години

Објавено во: Мои пари 09 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Децата на возраст од 6 до 14 години ќе можат бесплатно да ги учат техниките по уметничко лизгање на бесплатната школа организирана од компанијата „Еуролинк осигурување“.

Активностите ќе се реализираат во периодот од 23 февруари до 22 март на лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје под раководство на професионалниот тренер по уметничко лизгање Ксенија Јашташењски Симиќ.

Ова е единствен проект од ваков тип што има за цел да им овозможи на најмладите во текот на зимскиот период да можат активно да спортуваат и да го поминуваат слободното време на креативен и корисен начин.

Родителите можат да ги пријават своите деца за учество во школата со испраќање мејл на електронската адреса: eurolinkblog@gmail.com.

Мејлот треба да содржи: -Име и презиме на детето - учесник -Возраст -Број на лизгалки -Висина -Тежина -Контакт-телефон.

Доколку некоја од горенаведените информации не биде вклучена во мејлот, кандидатот нема да биде земен предвид.

Пријавувањето трае од денес (09.02.2016) до 12.02.2016 (петок).

Селекцијата на пријавените учесници ќе ја врши стручен тим што ќе избере 35 деца кои ќе имаат можност два пати неделно да ја посетуваат школата.

„Еуролинк осигурување“ на избраните учесници ќе им обезбеди бесплатни термини за уметничко лизгање во траење од еден месец, брендирана опрема и лизгалки.

Часовите во рамките на школа се дизајнирани да ги воведат децата во основите на уметничкото лизгање и да ги поттикнат нивните природни способности и афинитети што можеби понатаму ќе се развиваат и професионално. Сите деца што успешно ќе ја завршат школата ќе добијат сертификати за учество кои ќе им бидат доделени на завршната претстава.

Бесплатната школа за уметничко лизгање е организирана во рамките на корпоративната платформа за општествена одговорност „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на образованието, културата и на уметноста.

Можеби ќе ве интересира

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка