27 Април, 2024
0.0581

ЕУ: Стапи на сила забраната за увоз на руски јаглен

Објавено во: Економија 10 Август, 2022

Добивај вести на Viber


Земјите-членки на ЕУ повеќе нема да смеат да увезуваат јаглен од Русија по преодниот период кој завршува денеска на полноќ.

Ембаргото е дел од петтиот пакет санкции што ЕУ го договори во април и ќе стапи на сила од утре.

Земјите на ЕУ се согласија за преоден период од 120 дена за да и дадат време на индустријата да се прилагоди на забраната за увоз. Целта е да се ослабне руската економија во екот на нејзината инвазија на Украина.

Во април, Европската комисија објави дека ембаргото за јаглен може да ја чини Русија околу 8 милијарди евра годишно.

Ембаргото за јаглен на ЕУ беше првата енергетска санкција на Русија. Во подоцнежниот пакет, Европската унија го забрани увозот на руска нафта за да го зголеми притисокот врз Москва.

Нафтеното ембарго треба да стапи на сила на крајот на годината, со исклучоци за неколку земји кои се особено зависни од руската нафта.

Тука спаѓа и Унгарија, на која ќе и биде дозволено да продолжи да испорачува нафта преку цевководи од Русија.

Рускиот оператор на нафтоводот Транснефт во вторникот објави дека е запрен транспортот на нафта од Русија за Унгарија, Чешка и Словачка.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра