ЕУ НАЈМНОГУ ИЗГУБИ: Коронавирусот „им лапна“ 50 милијарди долари на овие економии
Објавено во: Економија 06 Март, 2020
Застојот на производството на Кина како резултат на појава на коронавирусот и штети на светската трговија.
Според проценките објавени од Агенцијата за трговија и економски развој на ООН (UNCTAD), ова може да резултира со пад на извозот во глобални ланци од 50 милијарди американски долари.
Кина е централен производствен центар на многу глобални деловни активности, па застој во кинеското производство влијае на секоја земја во зависност од тоа колку зависат нејзините индустрии од кинеските добавувачи, се наведува од UNCTAD.Според проценките на UNCTAD, најранливите сектори вклучуваат прецизни инструменти, машини, автомобилска и опрема за комуникација.
Меѓу најранливите економии, проценува UNCTAD, се Европската унија (15,6 милијарди долари), САД (5,8 милијарди долари), Јапонија (5,2 милијарди долари), Република Кореја (3,8 милијарди долари), кинеската провинција Тајван (2,6 милијарди долари) и Виетнам (2,3 милијарди долари).
UNCTAD соопшти дека проценетите глобални ефекти на КОВИД-19 се предмет на промена во зависност од задржувањето на вирусот и промените во изворите на снабдување.