05 Октомври, 2022
0.0221

ЕСМ: Во РЕК Битола и РЕК Осломеј зголемено производство за 40 отсто

Објавено во: Економија 17 Август, 2022

Добивај вести на Viber

АД ЕСМ објави дека рударско енергетските капацитети РЕК Битола и РЕК Осломеј произвеле за приближно 40 отсто повеќе електрична енергија во првите седум месеци од годинава во споредба со истиот период лани. 

„Од јануари до јули 2022г термоелектраните произведоа 1559 GWh електрична енергија, додека од јануари до јули 2021г произведоа 1126 GWh. Зголеменото производство се должи на зголемениот ископ на јаглен во сопствените рудници, набавката на јаглен за дополнително производство, и подготвеноста и техничкото одржување на блоковите“, објавија државните електрани.

Во истиот период, постигнато е да се намали потрошувачката на вода. Од таму велат дека производството на електрична енергија од хидроелектраните е намалено за 25 проценти и нивото на акумулациите се држи на оптимална кота, со цел заштеда на хидропотенцијалот за следниот период, кога во текот на грејната сезона се очекува пораст на побарувачката и на потрошувачката на електрична енергија.

„Оттука, АД ЕСМ ги поздравува владините мерки и препораки за штедење на електрична енергија, и смета дека истите ќе придонесат да се намали притисокот врз производните капацитети и да се растовари електро-енергетскиот систем во услови на високи цени на енергенсите и отежнато снабдување на пазарот со енергенси“, потенцира компанијата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ги предаде контактите на Бектеши, сега на потег е Владата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ги предаде контактите на Бектеши, сега на потег е Владата

Србија од 1 ноември останува без руска нафта

Србија од 1 ноември останува без руска нафта

Одржан Економски совет во проширен состав: Време е за одговорно однесување со енергенсите

Одржан Економски совет во проширен состав: Време е за одговорно однесување со енергенсите

Генерали Инвестментс: Главната економска политика е борбата против инфлацијата, а рецесијата е неопходно зло

Генерали Инвестментс: Главната економска политика е борбата против инфлацијата, а рецесијата е неопходно зло

ССМ: Платите во државата да го следат порастот на инфлацијата, но и порастот на синдикалната кошница

ССМ: Платите во државата да го следат порастот на инфлацијата, но и порастот на синдикалната кошница

ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА ДВА ДЕНАРИ, БЕНЗИНИТЕ СО ИСТИ ЦЕНИ, еве ги цените на нафтените деривати

ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА ДВА ДЕНАРИ, БЕНЗИНИТЕ СО ИСТИ ЦЕНИ, еве ги цените на нафтените деривати

Се укинуваат раните часови за шопинг во Грција заради штедење струја

Се укинуваат раните часови за шопинг во Грција заради штедење струја

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ ГО ПРОЗВА МИЦКОСКИ: Зошто не изградивте ниту една електрична централа додека бевте директор на ЕСМ

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ ГО ПРОЗВА МИЦКОСКИ: Зошто не изградивте ниту една електрична централа додека бевте директор на ЕСМ

„Гаспром“ тврди дека повторно ќе пушти гас преку Австрија

„Гаспром“ тврди дека повторно ќе пушти гас преку Австрија