17 Декември, 2025
0.0714

ЕСМ ПЛАЌА 1,1 МИЛИОН ЕВРА: Струја што домаќинствата ја трошат од вчера до утре, цената е 240 евра!

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2021 13:53

Добивај вести на Viber

Енергијата за која ќе платат 1,1 милиони евра ангажира 90 мегавати односно само 45 отсто од инсталираниот капацитет на само еден блок во РЕК Битола

Државната компанија за производство на струја ЕСМ плати 1,1 милиони евра за набавка на електрична енергија која е потребна само за три дена односно за периодот од вчера 7 ноември до утре – 9 ноември.

Резултатите од набавката се јавно достапни на веб страницата на државната компанија на следниот линк https://www.esm.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/REZULTATI-07.11-09.11.2021.pdf

ЕСМ јакупува енергијата од 4 трговски компании и од еден приватен производител на струја. Цените за еден мегаватчас се движат од 199 евра до 259 евра. Само за споредба цената по која ЕСМ ја продава својата струја за потребите на домаќинствата е 37 евра за еден мегаватчас.

За вчера се пазарени 10 мегавати моќност (5% од инсталираниот капацитет на еден блок во РЕК Битола) , а за денеска и утре се набавуваат 90 мегавати моќност (45% од инсталираниот капацитет на еден блок од РЕК Битола).

Просечната цена за еден набавен мегаватчас изнесува 240 евра за мегаватчас

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи