ЕСМ потрошил повеќе од 50 милиони евра за купување струја
Објавено во: Економија 31 Јули, 2023 09:58
АД „Електрани на Северна Македонија“, минатата година купила електрична енергија од слободниот пазар како надополнување за недоволното производство во висина од 51 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај објавен на „Македонска берза“.
Преку фирмата-ќерка ЕСМ Продажба од приватните снабдувачи биле купена увозна струја за сума од 3.136.935.000 денари во 2022, што во најголем дел се должи на високите цени за време на енергетската криза. Само една година претходно, трошоците на ЕСМ Продажба изнесувале 1.857.283.000 денари. Разликата за една година е 20,8 милиони евра.
Од друга страна, приходите на ЕСМ Продажба, главно од продавање на ноќни произведени вишоци насочени кон приватните снабдувачи, изнесуваат 2.468.388.000 денари, или 40 милиони евра, што е многу подобар резултат за една година.

Според логиката на ревизорскиот извештај, ЕСМ Продажба годината ја завршил со загуба од 11 милиони евра, па останува необјаснето каде АД „Електрани на Северна Македонија“ ја виде добивката кај фирмата-ќерка. Во април годинава произведувачот објави дека ЕСМ Продажба ја заврши 2022 година со добивка од 302 милиони денари или околу 5 милиони евра. Единствено логично објаснување би можеле да бидат огромните субвенции кои ги издвои Владата за енергетската криза.
„И во услови на енергетска криза имавме ноќни вишоци на енергија и токму поради зголеменото производство можеше да се врши продажба на истата преку ЕСМ Продажба и да се остварат дополнителни приходи“, објави тогаш АД ЕСМ.
„ЕТМТ“, „Дуферко“, „Данске“, „ГЕН-И“ и „ЕФТ“ беа најголемите снабдувачи од кои ЕСМ купуваше и на кои им продаваше електрична енергија. Компанијата тврдеше дека сите набавки и продажби се вршат на транспарентен начин. Најголемиот дел од трансакциите лани се одвиваа во месеците ноември и декември.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?
Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?
ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?
Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола
Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија
Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот




