ЕСМ купува јаглен од концесионер кој копа во близина на РЕК Битола
Објавено во: Економија 12 Февруари, 2025 10:35
Оваа фирма, во сопственост на Дриљон Ајдини и Панајотис Анастасијадис, од април 2022 има концесија да ја ископува оваа руда во Живојно, општина Новаци, каде што се наоѓа самиот рударско-енергетски комбинат на ЕСМ.
Договорот е склучен на 15 јануари за 250.000 тони јаглен по договорна цена по 400 денари од гигаџул. Вообичаено досегашните набавки на јаглен за РЕК Битола одеа преку „Протергија Енерџи“ во сопственост на грчки Митилинеос.
Инаку ЏМП Коп Интернатионал поголеми приходи започнал да запележува дури од 2023 по добивањето на концесијата. Во 2023 има прикажани приходи од 80-тина милиони денари, а претходно тие биле незначителни.
Оваа фирмаи нејзините претставници беа под истрага од Обвинителството затоа што во периодот од ноември 2022 до 3 март 2023 го оштетиле археолошкото наоѓалиште Влахо во Живојно. Следуваа и санкции поради тоа.
Истовремено ЕСМ три месеци нема пронајдено нов редовен партнер за ископ на јаглен во рудниците што се во негова сопственост во РЕК Битола, откако беше раскинат договорот со „Марковски компани“.
А.К.Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




