17 Мај, 2024
0.0397

ЕСМ ЌЕ ЗЕМЕ ЗАЕМ ОД 25 МИЛИОНИ ЕВРА - ќе се градат две фотоелектрани, ТЕЦ Осломеј треба да престане да работи

Објавено во: Економија 30 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Државните електрани на земјава ќе земат заем од 25 милиони евра, со кои ќе се градат фотонапонски електрани, а за него ќе гарантира државата. Кредитот ќе го одобри Европската банка за обнова и развој, а за изградба земјава ќе добие и инвестициски грант од ЕУ од пет милиони евра.

Ќе се изградат две фотонапонски електрани, едната во Осломеј, а другата во Битола.Тие се дел од проектот на државната ЕСМ, чија главна цел е производството на струја во земјава, од термоелектарните - се повеќе да се насочува кон соларни фотоволтаици, за да се намалат штетните последици врз животната средина.

Во Собранието веќе стигна Предлог законот за гаранција на земјава на Договорот за заем, кој ќе се склучи меѓу ЕБОР и АД  ЕСМ во државна сопственост.  

Првата фотоелектрана, Осломеј 2, ќе има инсталирана моќност од 10 мегавати, додека фотоелектраната Битола е предвидено да има инсталирана моќност од 20 мегавати. Проектот ќе го спроведува ЕСМ. Се тврди дека проектот ќе придонесе кон декарбонизација и создавање на портфолио од обновливи извори на енергија, како континуитет на фотоелектраната Осломеј 1, со моќност од 10 мегавати.

„Специфична цел на Проектот е намалување на јаглеродниот диоксид, емисиите на стакленички гасови и загадувањето на воздухот. Притоа, ќе се намали емисијата на CO2 за 39.000 тони, на годишно ниво. ФЕ Осломеј 2 од 10 мегавати ќе замени дел од постоечката ТЕЦ Осломеј, за која е предвидено да престане да работи. Воедно, набавката и поставувањето на ФЕ Битола со моќност од 20 мегавати ќе придонесе за намалување на производството на електрична енергија од постоечкиот РЕК Битола, и ќе биде прва инвестиција во соларна енергија во овој регион. Фотонапонската електрана Битола ќе претставува модел за декарбонизација и ги поттикне приватните инвеститори да вложуваат средства во одржлив развој и зелена економија“, се вели во наведените цели што треба да се постигнат со овој проект.

Уште во ноември 2020 година, откако Владата донела таква одлука, Министерство за финансии и ЕСМ доставиле барање до ЕБОР за обезбедување на 25 милиони евра за финансирање на проектот. Тогаш во игра биле две опции, од кои едната била ЕБОР да го одобри заемот без државна гаранција, а втората со гаранција. Но, од Банката инсистирале сепак државата да гарантира за овој заем, односно го условиле неговото давање со државна гаранција.

Од власта се уверени и дека оваа инвестиција ќе придонесе за нови вработувања, што позитивно ќе влијае врз социјалниот аспект во овие два региони.

„Овој проект ќе придонесе за намалување на трошоците на ЕСМ за ископ на јаглен, како и помали трошоци на друштвото во однос на даноците, за испуштање на стакленички гасови од термоелектраните. Изградбата на двете фотонапонски електрани е планирана во околината на веќе постоечки термоелектрани, што ќе донесе финансиска корист, бидејќи ќе се користи постоечката патна и енергетска инфраструктура“, се вели во владиното образложение.

Во овој момент проценката е дека проектот за изградба на двете фотоелектрани ќе тежи 25 милиони евра. Проектот се планира да се финансира со заем од ЕБОР и инвестициски грант од ЕУ - ВБИФ. Инвестицискиот грант од пет милиони евра, кој е позитивно оценет, треба да биде одобрен во декември 2021 година. „Во зависност од висината на одобрениот грант, заемот од ЕБОР ќе изнесува меѓу 20 и 25 милиони евра“, навеле од Владата која е предлагач на законот за гаранција.

Во Законот стои дека „земјава го гарантира намирувањето на обврските и исполнувањето на одредбите од Договорот за заем кој ќе се склучи меѓу ЕБОР и ЕСМ, во износ до 25 милиони евра, доколку ЕСМ не ги исполнува и сервисира обврските од Договорот за заем“. Сите финансиски обврски кои произлегуваат од Договорот за заем, како и неговото сервисирање, ќе ги намирува ЕСМ, од приходите кои ги остварува.

Рокот за отплата на заемот е 12 години, со вклучен грејс период од две години. Отплатата ЕСМ ќе ја врши во 21 полугодишна рата, кои пристигнуваат за плаќање на 8 март и 8 септември секоја година. Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1 отсто.

ЕСМ ќе и плати на ЕБОР и еднократна провизија во висина од 1 отсто од износот на заемот. На Банката нашите државни електрани ќе и плаќаат и провизија од 0,5 отсто, од неповлечениот дел од заемот на годишно ниво. 

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите