Ескобар му дава два дена рок на Курти да одговори на нивните барања
Објавено во: Балкан 06 Јуни, 2023 18:31
Курти има нацрт на ЗСО, но го чува во тајност, вели специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Тој денеска изјави дека косовскиот премиер Аљбин Курти има план за создавање Заедница на српски општини (ЗСО), но дека тој моментално се држи во тајност, пренесува „Репортери“. Ескобар не откри дали нацрт-статутот е подготвен од Косово или од Европската Унија, но додаде дека Курти има два дена да одговори на барањата што му ги поставија ЕУ и САД. Тој објасни дека до петок заедно со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот, Мирослав Лајчак, ќе ја информира јавноста дали има напредок или не.
„Курти и Вучиќ имаат рок до петок, бидејќи во петок Лајчак и јас им даваме одговорност на претпоставените“, додаде тој.
Ескобар наведува дека Курти е должен до петок да се изјасни за прашањето за изборите на северот од Косово, како и дека нема план Б за договорот од Охрид кој мора да се спроведе и дека веднаш мора да почне формирањето на Заедницата на општините со српско мнозинство.
Според Ескобар, ако Курти не ги прифати трите услови, тогаш е јасно дека не сака соработка со САД и ЕУ и тоа не може да помине без последици.
Тој посочува дека САД, ЕУ и сите меѓународни партнери се согласни дека е неопходноа нормализација на ситуацијата во Косово, предупредувајќи дека ако тоа не се случи, а односите се влошат, последиците за Приштина ќе бидат долгорочни.
Ескобар и Лајчак се во Приштина од понеделникот вечерта, каде разговараа со Курти, со претседателката на Косово Вјоса Османи, со претставници на трите најголеми опозициски партии на Косово и со Српска листа.
На двочасовната средба што ја имаа со Курти, тие му доставиле три барања, но Лајчак рече дека не се договориле за барањето за избори.
Инаку, Косово десет години го одложуваше формирањето на СЗО. Србите бараат формирање на ЗСО, но и повлекување на косовските специјалци од северно Косово. Минатата недела во Звечан имаше немири баш поради овие отворени прашања. Србите ги бојкотираа изборите, а градоначалниците Албанци ги сметаат за нелегитимни.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




