29 Април, 2024
0.0293

Ердоган на гости кај Путин

Објавено во: Балкан, Колумни 22 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Во почетокот на август турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе оди на гости кај неговиот руски колега Владимир Путин. Средбата беше најавена кон крајот на јуни, кога Ердоган во телефонски разговор се извини за урнатиот руски воен авион. Но сега е и официјално потврдена. Средбата на Ердоган со Путин, ќе биде средба на двајца авторитарни лидери.

Потребата од таква посета секако дека беше поголема за Ердоган, во светлото на се поголемата изолација на Турција. И тоа пред се од Русија. А да не говориме и за изолацијата од страна на неговите сојузници. Како оние од НАТО, САД, поради своеглавото однесување на Турција во борбата против Исламската држава, Курдите во Сирија, па и во војната во Сирија, при што беше обвинувана и за трансфер на оружје и трговија со исламските воени формации. И оние од ИД, и оние блиски на Ал Каеда. ЕУ, пак, го изолираше, пред се, поради нарушувањата на човековите права во неговата држава, а тука е и договорот за бегалците. Таа не беше во најдобри односи и со своите блиски соседи, а од подалечните ја има поддршката само од Саудиска Арабија и Катар.

Руската изолација се манифестираше со големи економски последици за Турција. Некогашното пријателство и стратешко партнерство, градено токму од Ердоган и Путин, „пукна“ во еден миг. Стотици турски компании, ако не и повеќе останаа без своиите муштерии. Било да е  во градежнишвото, земјоделството или туризмот. Штетите се мерат во десетина милијарди долари.

Ердоган, на чело на земја со над 80 милиони жители, сака Турција да ја гледаат како регионална сила. Но по се што се случи, тешко дека ќе успее во тоа. Турција има многу предизвици. „Неоосманизмот“ на Ердоган сега ќе биде доведен во прашање. Тој дома допрва ќе има големи проблеми. Пред се ги има Курдите и голем дел од населението кое не сака исламизација на државата и авторитарно владеење. Од надвор закана му се ИД и други исламски воени фракции. Тешко е дека војската, по се што се случи, ќе има таков морал за да се спротивставува на надворешните, па и внатрешните закани.

Турскиот претседател уште не се произнесол за свртувањето кон Русија, но затоа во интервју за украинската „Европска правда“ турскиот амбасадор во Украина  Јунет Тезел објаснува: „Последнава година, по уништувањето на рускиот авион, нашите односи со Руската Федрација беа минимализирани, иако ние не се стремевме кон тоа. Ние станавме единствена земја во светот, која воопшто немаше дијалог со Русија, затоа што Русија не сакаше да води таков дијалог. САД имаат средби со Русија, ЕУ и НАТО се сретнуваат со нив, дури и Украина, без оглед на војната, има односи, само ние немавме. И навистина тоа беше ненормално.“  Тој додава дека дијалогот со Русија е обновен, но турската политика не е променета, па ниту во поглед на Украина.

Променета или непроменета, политиката на Ердоган и нанесе голема штета на земјата. И сега во играта со Русија влогот на Турција во неа е многукратно повисок. Тој ќе оди на „поклонение“ во Русија. Уште еднаш и лично ќе му се извина на Путин за се она што се случи околу соборувањето на рускиот воен авион. А рускиот претседател ќе сака да извлече максимална полза од сето тоа. Како економска, политичка и секако воена. Тоа нема да се случи преку ноќ, но Русите ќе сакаат работите да ги водат во таа насока. Ако може да се направи мала пукнатина во јужното крило на НАТО. Турција веројатно ќе се согласи и за соработка со Русија околу Сирија, дотолку повеќе што САД и Русија веќе договараат неков вид меѓусебна координација. Ердоган на пократок или подолг период ќе заборави на желбата за соборување на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Работите во оваа насока ги водат и последиците од неуспешниот пуч во Турција. Европа, па и Западот во целост, не гледаат многу балгонаклоно кон она што го прави Ердоган во неговата земја. Тие му дадоа поддршка, како демократски избран претседател, но тука ставија точка. Се што се случува понатаму само ги оддалечува страните. Дури и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во завиена дипломатска форма, кога тврди дека Турција е еден од столбовите на Алијансата, упатува блага критика на начинот на кој се развиваат настаните во таа држава. Москва сигурно нема да биде многу загрижена за начинот на кој Ердоган се пресметува со противниците. Зашто однесувањето на Ердоган само ја слабее внатрешната кохезија во државата. А тоа за Русија е од голема полза. Слаба Турција не може да прави проблеми ниту околу Украина или Црно Море, ниту околу Кавказот, а уште помалку во Средна Азија.

Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?