14 Декември, 2025
0.0382

ЕРДОГАН ИМА ОГРОМНА ПРЕДНОСТ ПРЕД КИЛИЧДАРОГЛУ: Први прелиминарни резултати од изборите во Турција

Објавено во: Свет 28 Мај, 2023 17:59

Добивај вести на Viber

Актуелниот претседател на Турција Реџеп Таип Ердоган би можел да добие нов мандат на таа функција, покажуваат првите прелиминарни податоци од денешниот втор круг од претседателските избори во Турција.

Според 49,39 отсто од преброените гласови, Ердоган води со 56,36 отсто од гласовите наспроти опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу, кој освои 43,64 отсто, јавува Турската радио-телевизија (ТРТ).

Според досегашните податоци, излезноста била 84,74 отсто, а гласале најмалку 24,1 милион граѓани.

Избирачките места се затворени во 17 часот по локално време.

Кандидатот на опозицијата за претседател на Турција, Кемал Киличдароглу ги повика своите приврзаници да останат блиску до избирачките места и да внимаваат на гласачките кутии, со оглед дека „овие избори се одржуваат во многу тешки околности“.

-Изречени се секакви клевети, но јас верувам во здравиот разум на граѓаните. Демократијата сигурно ќе дојде во оваа земја, слободата ќе дојде и кај нас - рече тој по гласањето.

Актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган исто така ги повика своите приврзаници да останат до крај на избирачките места и ги повика граѓаните „да ги заштитат гласачките кутии“.

Ердоган претходно вети дека „ќе излезе како победник“ во вториот круг. Турскиот лидер во изјава на Твитер рече дека, без разлика на резултатот, победник во првиот круг пред две недели е „турската демократија и турската нација“, а гласањето се одвивало во „празнична атмосфера што доликува на нашата демократија“.

„Турција покажа дека е една од земјите со најнапредна демократска култура во светот“, рече тој.

Ердоган рече и дека неговата партија ќе ја исполни својата одговорност кон Турција.

„Ќе излеземе како победници на изборите на 28 мај со зголемување на бројот на гласови што ги добивме на 14 мај и се надеваме дека ќе постигнеме историски успех“, додаде тој. Во првиот круг, одржан на 14 мај, излезноста на гласачите беше 87 отсто, а ниту еден кандидат не успеа да го достигне прагот од 50 отсто од гласовите.

Во првиот круг Ердоган доби 49,52 отсто од гласовите, а Киличдароглу 44,88 отсто.


Можеби ќе ве интересира

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина