06 Мај, 2024
0.0246

Епидемијата на морбили не стивнува: Вакцинацијата задолжителна и за училиште

Објавено во: Македонија 22 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Продолжува теренска вакцинација низ училиштата, медицински персонал ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против ситни сипаници.  Оваа одлука ја донесе минатата недела Министерот за образование Арбер Адеми, по само три дена од прогласувањето на Епидемија на морбили на  целата територија на Македонија.

Министерот  истакна дека мора да се заштитат децата, да се надмине овој горчлив проблем со кој се соочуваат граѓаните, а пред се дека вакцината МРП е единствен метод за целосна заштита од ситни сипаници.

Доколку имате оваа година дете за запишување во прво одделние ќе мора тоа да има целосно пополнет Календар за имунизација, односно ќе треба да ги има примено сите вакцини. Доколку не е така, детето ќе нема право да оди на училиште, иако според законот образованието е задолжително. 

Според ресорното министерство овој начин на агресивна теренска вакцинација очекуваат да даде позитивни резултати.

Министерството за здравство пак, објави дека во земјава има над 1000 заболени лица од морбили.

По повод светската недела на имунизацијата министерот Венко Филипче најави нови две задолжителни вакцини во Календарот на имунизација од оваа година. Вакцина против Рота вирусот и Пневмококна вакцина.  


Инаку, не стивнува бројот на ново заболени лица и во соседството. Во Бугарија се регистрирани над 450 заболени лица од ситни сипаници. Тамошните здравствени власти очекуваат бројот да се зголеми во наредните месеци.

Исто така, нови случаи на заболени лица од морбили има и во Украина, Италија и Франција.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува