05 Мај, 2024
0.0247

Енергетско фијаско во сенка на партиските препукувања!

Објавено во: Економија 12 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Пропаднатите енергетски проекти се постојана тема за партиска пропаганда. Така и најновиот прес на СДСМ е насочен кон тоа, кој и колку допринел за поскапувањето на струјата. Од партијата сметаат дека поставувањето на партиските кадри влиајело врз работењето на енергетските објекти, и на нивната продуктивност. Од ВМРО ДПМНЕ им возвратија дека ако повторуваат пресови секој ден тоа немало да ублажи „катастрофата предизвикана од вашето работење: 200.000 отпуштени работници, затворање на 684 фабрики и рекордна невработеност од 38%“ , реагираше ВМРО ДПМНЕ од Битола. Потенцираа дека вложувањето на оваа власт во РЕК Битола е големо и значајно. Сепак наместо препукувања треба да се знае дека во енергетскиот сектор во Македонија овие 25 години малу е инвестирано. Изградени се хидроцентралите Козјак и Матка 2, првата почната и завршена во време на СДСМ, втората почната во време на СДСМ завршена во време на ВМРО ДПМНЕ. Оттогаш наваму од капиталните проекти реализиран е ветерниот парк во Боданци (во време на ВМРО ДПМНЕ), но еден куп ветувања останаа нереализирани. Не се изгради Чебрен и Галиште, не се изградија нови рудници за јаглен, ништо не бидна со Бошков Мост и Луково Поле, пропадна инвестицијата во ТЕЦ Неготино. Нема ништо од плановите за изградба на нуклеарка во Мариово, а тапка во место и проектот Вардарска долина. Наместо тоа Македонија остана увозно зависна од струја, секој година се одлеваат стотици милиони евра за оваа намена. Околу една милијарда евра „тежи“ увозот на струја во Македонија од 2008 година. Анализата на Фактор која се темели на статистичките податоци покажува дека од изминатите 7 години рекорден е увозот на струја во 2008 година, дури 235 милиони евра за набавка на 2.732 гигават-часови струја. Во 2009 година ЕЛЕМ и големите индустриски капацитети, кои сами купуваат струја на слободниот пазар, платија речиси 90 милиони евра и 86 милиони во 2010 година. Во 2011 година пак, увозот на струја во Македонија достигна дури 165,3 милиони евра за околу 2.600 гигават-часови. faktor struja  

Вардарска долина или Рајска градина: До каде се големите енергетски проекти?

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години