ЕНЕРГЕТСКИ БУМ: Гигант продаден за 33 милијарди долари, акцијата скокна за 33 отсто
Објавено во: Економија 14 Април, 2019
Енергетска трансакција од 33 милијарди долари го тресе светот.
Компанијата „Анадарко Петролеум корп“ е купена од страна на ривалот „Шеврон“ во рамки на договор во вредност од 33 милијарди долари во кеш и акции.
Оваа одлука за преземање е донесена бидејќи „Шеврон“ , како што се наведува настојува да ја зајакне својата позиција во експлоатацијата на Пермијскиот басен и да ја унапреди својата работа со течен природен гас.
Ројтерс пренесе дека акциите на компанијата „Анадарко“ скокнале за 33 отсто во електронското тргување , додека акциите на „Шеврон“ паднале за 1,5 отсто.
Меѓудругото се наведува дека, Шеврон врз себе ќе го презеде и долгот од 15 милијарди долари на компанијата „Анадарко“.
Се очекува трансакцијата да се заврши во втората половина на годината
Фото: Wikipedia