ЕМ ПАРИТЕ СИГУРНО ЌЕ ИМ СЕ ВРАТАТ, ЕМ СОЛИДЕН ПРИНОС - домашните кредитори ѝ позајмија на државата над 30 милиони евра
Објавено во: Финансии 23 Април, 2025 13:00
Ново задолжување на државата на домашниот пазар на пари. Издадени се два типа на обврзници според рочноста, на вкупен износ од над 30 милиони евра.
Поголемиот дел од парите кои државата ги позајмила од домашните кредитори ќе треба да се вратат побрзо, после три години. Или прецизно, издадена е тригодишна државна обврзница без девизна клаузула, на сума од 24,5 милиони евра. Ова значи дека парите ќе треба да се вратат до 10 април 2028 година, а на ова задолжување, државата ќе плати годишна каматна стапка од 3,4 отсто.
А, издадена е и една подолгорочна државна обврзница, но на помала сума, од 5,9 милиони евра. Во овој случај исто така станува збор за државна обврзница без девизна клаузула, а парите кои ќе се вратат после 15 години, до април 2040 година, па затоа каматната стапка е повисока и изнесува 4,85 проценти.
Инаку, треба да се има предвид дека со овие сега позајмени средства државата враќа стари обврски, по претходно издадени државни хартии од вредност на домашниот пазар.
Главни кредитори на тој пазар се домашните банки и фондови, на кои ова им е добра инвестиција, бидејќи добиваат и солидна каматна стапка, но и нивните инвестирани средства се целосно сигурни, бидејќи како заемопримач се јавува државата.
Овие обнврзници од денеска и официјално ќе котираат на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




