09 Мај, 2024
0.0273

Миновски: ЕЛЕМ 10 години го намалуваше производството на струја

Објавено во: Економија 17 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Главните определби на новиот Управен одбор на АД ЕЛЕМ ќе биде да се зголеми производството на струја од домашните капацитети и да се намали зависноста од увоз за задоволување на потребите на потрошувачите, посочи генералниот директор Драган Миновски на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека производството во ЕЛЕМ во последните десетина години се движело во многу лош правец и од година на година постојано опаѓало. Во 2006 година, како што рече, биле произведени 6.510 гигават часови електрична енергија, во 2013 – 5.113, во 2016 – 4.300 гигават часови, а годинава се очекува да бидат произведени 3.600 гигават часови или за 400 помалку од потребите на тарифните потрошувачи.

– Во моментов се прават анализи за работењето на претходното раководство, а главна причина за намаленото производство се ремонтите на трите блока на РЕК Битола каде не се извршени навреме редовните годишни ремонти, како и лошата модернизација на вториот и третиот блок во РЕК Битола која чинела 66 милони евра и со која е намален капацитетот на блоковите за 40 мегавати на час поради што компанијата изгубила повеќе од 130 милиони евра, рече Миновски.

Додаде дека веќе е завршен ремонтот на вториот блок во РЕК Битола, до крајот на месецов треба да заврши на првиот, а во октомври да почне ремонтот на третиот блок.

Се прави целосен и, како што кажа Миновски, квалитетен ремонт со цел успешно да се произведува во зимата. Во ТЕЦ Осломеј се вршат активности на терен за да биде спремна термооелектраната за производство и се прават напори да се обезбеди јаглен бидејќи веќе се искористени ископите.

– Претходното раководство не ги ремонтирало капацитетите и не ги подготвило за есента и за поголемата побарувачка во грејната сезона. И сега кога треба засилено да произведуваат, тие треба да бидат запрени за да работиме на нив. Направило тоа што било најлесно за да произведе електрична енергија. Ги впрегнало хидроцентралите до крајна мерка. Поради тоа лошо менаџирано празнење и поради недоволните дотеци на почетокот на оваа година, во моментов сите акумулации се толку исцрпени и потрошени, што нивото на водата во нив е спуштено под нивото потребно за безбедно и стабилно управување со системот, посочи Миновски.

Прецизира дека еден генератор во ХЕЦ Козјак е во дефект од септември минатата година и воопшто не се преземни активности за негово оспособување.

– На 7 август при примопредавањето на сметката на АД ЕЛЕМ имаше 7,3 милиони евра расположливи средства, но до крајот на годинава ЕЛЕМ треба да плати кредити во износ од 12,5 милиони евра. Што значи дека на сметката влегуваме во минус. Исто така, на сметката на АД ЕЛЕМ имаше депозити во износ од 17,8 милиони евра, но тие се средства планирани за ремонтите во термоелектраните кои се вршат во моментот и за ископот на јаглен и јаловина во РЕК Битола до крајот на годината, како и за евентуалните набавки на електрична енергија во текот на зимскиот период, појасни Миновски.

Прашан зошто беше неуспешен тендерот за набавка на гумени ленти итраки за РЕК Битола, Миновски рече дека од петте лота само за четвртиот била понудена сума според буџетските предвидувања, а за другите биле понудени повисоки понуди. Тендерот бил објавен лани во септември кога бил и утврден неговиот буџет. Миновски истакна дека тендерската комисија во моментов ги разгледува понудите и додаде дека во текот на наредната недела ќе може да излезе со конкретни податоци.


Можеби ќе ве интересира

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните