18 Декември, 2025
0.0768

Електричните автомобили всушност повеќе загадуваат дури и од дизелашите?

Објавено во: Економија 20 Април, 2019 11:16

Добивај вести на Viber

Германско истражување тврди дека всушност електричните автомобили на климата и помагаат само на хартија и дека тие се полоши за животната средина дури и од дизел возилата.

Кристоф Бушел, професор по физика од Келн, го состави извештајот со колегите Ханс-Дитер Карл и Ханс-Вернер Шин на IFO Институтот за економски истражувања.

Кога емисиите на јаглерод диоксид од производството на батерии и конвенционалните методи кои се користат за производство на електрична енергија во Германија се земени во предвид, електричниот автомобил ги оптоварува климатските 11 до 28 проценти повеќе од дизел автомобили, се вели во студијата.

Многу енергија се користи за обновување и обработка на литиум, кобалт и манган што се користат за автомобилски батерии.

Батеријата за Тесла Модел 3 ослободува 11-15 тони јаглероден диоксид, според студијата.

Со траење на батеријата од 10 години и капацитет што надминува 15.000 километри годишно, тоа би значело 73 до 98 грама на јаглерод диоксид по километар, според авторите.

Кога ќе се земе во предвид емисиите на јаглерод диоксид кои произлегуваат од електричната мрежа, во реалноста, Тесла емитира помеѓу 156 и 181 грама на јаглерод диоксид по километар, што е многу повеќе од дизел Мерцедес, според истражувањето.

Според нив, подобро е производитеите повеќе да се насочат на производство на мотори на погон на метан, поради емисиите на јаглерод диоксид кои се за една третина пониски од дизел агрегаторите.


Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?