23 Април, 2024
0.0265

Експлозија“ во НЛБ Банка!!! Кредитирањето порасна за 40 милиони евра, профитот достигна 18,4 милиони евра!

Објавено во: Финансии 30 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Катализатори на растот на добивката се: останатите приходи (продажба на движен и недвижен имот) и солидниот раст на приходите од провизии и надоместоци. Овие две ставки во комбинација со главната приходна ставка што банката успеа да ја одржи на ниво од лани и покрај генералниот пад на каматните стапки. Менаџментот за овие шест месеци заврши голема работа! Депозитите се зголемени за 45 милиони евра, а кредитирањето порасна за 40 милиони евра!

НЛБ Банка има исклучително успешно полугодие! Во првата половина од годинава официјалните податоци од билансот на успех покажуваат дека банката го зголемила профитот за 5,7 милиони евра во споредба со истиот период лани. Добивката на периодот јануари – јуни годинава изнесува 18,4 милиони евра. Во споредба со еден од двата најголеми ривали на пазарот, добивката на НЛБ Банка во споредба со Комерцијална банка е поголема за речиси 5 милиони евра.

Нето приходите од најважната приходна ставка за првото полугодие изнесуваат 23,7 милиони евра што е речиси на идентично ниво како и во минатата година. А резултатот е постигнат во услови на генерално снижени каматни стапки.
Нето приходите од провизии и надоместоци се 9,5 милиони евра и во споредба со истиот период претходната година бележат раст од 1,27 милиони евра што е за 15 отсто подобро од претходната година.

И сега клучниот генератор на експлозивниот раст на добивката: останатите приходи од дејноста т.е. ослободување од залог, хипотека и нивно претворање во ликвидни средства. Банката за овој период остварила 9,1 милиони евра од продажба на имот што бил превземен од ненаплатени побарувања. Тоа е реализација што е за 4 пати повеќе од првото полугодие во минатата година.

На страната на трошоците издвојуваме: резервациите изнесуваат 7,08 милиони евра и тие се намалени за 4 отсто во споредба со претходната година. Трошоците на банката за своите вработени изнесуваат 7,3 милиони евра и растат во споредба со претходната година што укажува на тоа дека банката води грижа за своите најзначајни ресурси. Останатите трошоци од дејноста изнесуваат 7,55 милиони евра и се за зголемени за речиси еден милион евра во споредба со претходната година.

Банката во овој период успеала да ја зголеми депозитната база за речиси 45 милиони евра! Официјалните податоци покажуваат дека на крајот на јуни таа изнесува 1,336 милијарди евра. Во овој период банката има солиден раст на кредитното портфолио кое достигнува 982,5 милиони евра што е за 40 милиони евра повеќе од крајот на 2020 година!

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА