Експлозија го потресе Сплит, има четворица повредени
Објавено во: Балкан 14 Април, 2017
Во силна експлозија која утрово се случи во Сплит има четворица повредени. Експлозијата се случила во силос за пченица кој се наоѓал покрај северното пристаниште, во пределот кон Врањица, каде што е и поранешната сплитска пивара.
Детонацијата се почувствувала и на подрачјето на Солин. Како што пренесуваат хрватските медиуми, полицијата го прекинала сообраќајот поради што имало големи гужви на излезот од градот. Во тек е истрага за причините за експлозијата.