14 Декември, 2025
0.0369

Експертите резервирани: Многу е важно во каква форма ќе се трошат 6-те милијарди евра од Британија

Објавено во: Економија 18 Мај, 2025 16:16

Добивај вести на Viber

Финансиските и инвестициските експерти по два дена откако премиерот Христијан Мицкоски објави дека е постигнат договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, и натаму немаат јасна слика како ќе се трошат 6-ѕе милијарди евра кои ги најави шефот на Владата.

Тие единствено велат дека е многу важно дали инвестициите ќе се реализираат преку форма на задолжување, што ќе има фискални имлликации, или пак тоа ќе се спроведува преку јавно-приватни партнерства со британски фирми. Многу важно ќе биде, според нив, доколку во овие инвестиции има и помош во форма на неповратен грант, но и за тоа да бидат реформски подготвени институциите да одговорат на очекувањата.

Со овие пари треба да се доградат болници и да се изгради нов клинички центар и медицински факултет. Треба и да се изгради брза железница преку Коридор 10. Условите се уште сепак се непознати, а премиерот Мицкоски демантираше дека за возврат ќе се градат мигрантски кампови.

- Овој договор е мојот нов договор за Македонија по примерот на оној кој го обзнани американскиот претседател Рузвел и кој епознат во историјата. Овој договор значи отворање на работни места, равој, напредок, многу нови инфраструктурни проекти, многу големи гигантски проекти какви што досега немало, инвестиции во железници преку брзи лини, автопати и патишта, болници, образование и други сектори. Ова е договор кој на Македонија ќе и донесе пари за да работи и инвестира во својот напредок во вредност од 6 милијарди евра!, порача денес Мицкоски



Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји