14 Мај, 2024
0.0243

ВЛАДАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА НА СИТЕ СТРАНИ - од Шпаркасе банка зема краткорочен кредит од 50 милиони евра, а издаде и тешка државна обврзница

Објавено во: Финансии 30 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Владата се задолжува буквално на сите страни. Бара пари на заем и од конкретни домашни банки, но и преку домашни институционални инвеститори, преку издавање на државни обврзници.

Фактор открива дека Владата веќе донела одлука на неодамнешна седница да земе краткорочен кредит од една од домашните банки, на сума од 50 милиони евра.

Додека, пак, на домашниот пазар веќе е издадена 15 годишна обврзница на сума од над 25 милиони евра, што значи дека ќе се враќа во следните 15 години, и таа од денеска котира на македонската берза.

Инаку, одлуката да се бара краткорочен кредит од Шпаркасе банка на сума од 50 милиони евра била донесена на седница на Влада пред неколку дена, конкретно на 24 август.

Со овие пари, веќе не е ни тајна, Владата навела дека ќе го финансира буџетскиот дефицит на земјава.

Инаку, државата досега потроши многу средства за справување со енергетската криза во земјава, и тоа за набавка на струја, јаглен, мазут, а со оглед колку страшно се движат состојбите на светскиот пазар, и со цените на енергенсите, но и со големиот недостиг, потребните пари во буџетот за оваа намена ќе бидат уште повисоки.

Република Северна Македонија се задолжува со краткорочен кредит во вкупен износ до 50.000.000 евра во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на денот на плаќањето, кај Шпаркасе банка АД Скопје. Краткорочниот кредит ќе се користи за финансирање на буџетскиот дефицит на Република Северна Македонија“, се вели во владината Одлука до која дојде Фактор.

Натаму, како што се додава, условите и начинот на користење на краткорочниот кредит се утврдуваат во Договорот за краткорочен кредит, кој ќе се склучи помеѓу Министерството за финансии и Шпаркасе банка.

Не се наведува ниту каматната стапка, ниту другите услови под кои ќе биде земен кредитот.

Во меѓувреме, Берзата извести дека веќе од денеска, на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација, ќе бидат примени на котација нови државни обврзници, откако тоа се случи веќе неколку пати досега. Новите државни обврзници, како што информираат од Берзата, се со девизна клаузула.

Вредноста на емисијата е точно 1.566.990.000 денари, односно 25,5 милиони евра. Оваа сума е многу повисока од оние по кои во последниве неколку наврати Владата издаваше државни обврзници. 

Овие обврзници биле издадени на 18 август годинава, а датумот на достасување им е во 2037 година. Нивната каматна стапка ќе биде 4 отсто.

Како што веќе пишуваше Фактор, на аукциите одржани на трети август годинава државата се задолжила на домашниот пазар за вкупна сума од 12,5 милиопни евра, по камати од 4,2 и 4 проценти. 

Претходно, пак, државата издаде обврзници по камати од 3,7 и 3,5 проценти, додека, пак, неколку месеци пред тоа каматите по кои се издаваа државните обврзници изнесуваа 3,1 отсто.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута