Ексклузивно: Повисока плата за докторите и персоналот кој се бореше со Ковид-19
Објавено во: Македонија 15 Мај, 2020 11:02
Вработените во Центрите за јавно здравје како и сите членови на Итна медицинска помош ќе добијат 20 отсто повисока плата како награда за два месеци, дознава Фактор.
Владата за ова предвидела еден милион евра, а околу 3.000 здравствени работници ќе бидат наградени заради нивниот ангажман во борбата со пандемијата. Наградени ќе бидат докторите и медицинскиот персонал на инфективните клиники, а парите ќе бидат префрлени на домашна платежна картичка.
Иста ваква картичка ќе добиваат и други 120.000 невработени граѓани и граѓани со ниски примања, на кои Владата ќе им исплати по 150 евра. Предвидени се и пари за студенти и средношколци и ваучери за одмор. Тоа е дел од третиот пакет мерки за спас на домашнаат економија.
Фактор ексклузивно објави за третиот сет мерки вчера.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




