06 Мај, 2024
0.2755

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ АРСИМ ПАПРАНИКУ: „Балфин“ планира да гради голема станбена заедница на семејни куќи во непосредна близина на Скопје

Објавено во: Економија, Интервјуа 04 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Менаџира со бизнис кој е широко распространет во Македонија, но и во регионот. Тој е еден од попознатите балкански бизнисмени. Групацијата во која е дел од менаџерскиот тим, „Балфин“, е сопственик на добро познатиот синџир продавници за бела техника „Нептун, кој слави 30 години постоење на македонскиот пазар, а од пред нецели две години во Скопје сосема успешно функционира и познатиот мол „Ист Гејт“, во чија близина се гради и огромен станбен комплекс. Во ексклузивно интервју за Фактор бизнисменот Арсим Папранику открива колку групацијата „Балфин“ е задоволна од работењето на „Нептун“, но и за деловните резултати на Ист Гејт Мол. Секако, големо внимание предизвикува и неговата најава за еден нов деловен прокет во земјава, за кој допрва ќе откриваме информации...

Господине Папранику, групацијата „Балфин“ и „Нептун“ оваа година прославуваат 30 години од постоењето. Како член на Управниот одбор на групацијата „Балфин“, би сакале ли за редакцијата на „Фактор“ да откриете како сте задоволен од „Нептун“ како бренд на македонскиот пазар? Дали ги оправда или можеби ги надмина очекувањата, какво е Вашето искуство?

Папранику: „Нептун“ во Македонија полека, но сигурно прерасна во најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/аудио/видео, компјутери, телефони, фото-апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење што секако сведочи дека се оправдани и надминати очекувањата. Со самиот факт дека нудиме квалитетни производи, ја добивме довербата на граѓаните која сè повеќе расте и заедно со „Балфин“ сме дел од интернационална мрежа што се потпира на три основни столбови: квалитет, грижа за клиентите и постојано подобрување. Тоа е нашата насока која ја следиме без компромис, а тој пристап верувам дека се одразува и во довербата од нашите потрошувачи. Ретроспективно гледано, инвестицијата беше вистински избор и сум презадоволен од тоа како се движат работите. Се реализираа моите очекувања, но иновацијата и движењето напред нема да престане. Мора секогаш да гледаме три чекори нанапред и да обезбедиме производи кои ќе бидат сублимат на најдобра вредност, квалитет и одржливост за да се задоволат барањата на клиентите.

Со колку продажни салони располага моментално „Нептун“ во Македонија и можете ли да ни кажете какви се финансиските резултати на компанијата во минатата година, колкав е остварениот профит и дали има раст во однос на претходните години?

Папранику: Првата продавница на „Нептун“ е отворена во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје. Потоа се отвораат продавниците во Градскиот стадион во Скопје, како и на репрезентативни локации во Гостивар и во Тетово. Во наредниот период, компанијата продолжи да ги доближува своите услуги до купувачите од другите градови во Македонија отворајќи продавници во Охрид и Куманово, потоа мрежата се шири во Струга, Прилеп и Битола, па  во Штип, Струмица и Кочани. Во 2012 година во Скопје се отвoраат двете најголеми продавници, во Аеродром и „Скопје Сити Мол“ во Карпош, а во следните години се отвораат продавници во Кавадарци, Гевгелија, Велес, Кичево, Дебар, Крива Паланка, Радовиш, Ресен, Чаир, Неготино, Свети Николе и Сарај во Скопје. Со самиот факт дека постојано се шириме, што е резултат на довербата од нашите лојални потрошувачи, секако ни дава можност да растеме и да се развиваме како синџир на продавници. Кога станува збор за профитот, тоа е дел кој го ревалуираме на крајот на секоја година, но можам да кажам дека функционираме како едно семејство кое во секој момент им посакува добредојде на луѓето во продажен простор во кој ќе уживаат. Би додал дека на ниво на групација ги мониторираме воедно Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора како потенцијални пазари за експанзија на брендот.

Кон крајот на 2021 година започна реализацијата на првиот дел од големиот проект „Скопје Ист Гејт, односно беше отворен најголемиот шопинг центар во земјата, „Ист Гејт мол“. Дали сте задоволни од првата целосна година од работењето? Колкави беа приходите и добивката во 2022 година и дали тие ги исполнија Вашите прогнози и очекувања?

Папранику: „Скопје Ист Гејт“ претставува прв развоен проект во земјата кој вклучува трговски и забавен центар, станбен комплекс и деловен центар. Целта е да се подигне животниот и деловниот стандард и да се внесе нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов концепт на начин на живот.

На вкупна површина од 500.000 м2 се вклучени шопинг гентарот „Ист Гејт Мол“, станбениот комплекс „Ист Гејт Ливинг“ и деловниот центар „Ист Гејт Бизнис“, инвестиција со вкупна вредност преку 300 милиони евра. Идејата е да се обезбеди на едно место можност за забава, шопинг, паркинг простор, домување, и деловно функционирање.

Конкретно „Ист Гејт Ливинг“ е единствениот модерен станбен комплекс од затворен карактер, со служба за одржување и обезбедување 24 часа - секој ден, А+ енергетска класа за градба, плоштад во склоп на самиот комлекс, 25.000 м2 вкупна зелена површина, оддалеченост од кејот на Вардар од само 200 метри, парк-шума Гази Баба на 300 метри, што се одлични можности за рекреација.

Што се однесува до „Ист Гејт Мол” со задоволство можам да посочам дека како бројот на посетители, така и прометот на нашите закупци е во сериозен пораст и се мери во двоцифрени вредности, после само една година од работењето на трговскиот центар.

Во моментов оди кампања за продажба на станови во „Ист Гејт Ливинг“. Можете ли да ни кажете колку вкупно станови има тој комплекс, колку се продадени, дали има интерес и по која цена моментално се продаваат становите?

Папранику: Купувањето на стан кој е граден по највисоки светски стандарди, со квалитетни материјали и енергетско – ефикасен ситем е од големо значење за модерен начин на живеење, што дополнително значи и обезбеден паркинг за сите станари на комплексот „Ист Гејт Ливинг“. Цената зависи од квадратурата, но, мислам дека нудиме опции за сите заинтересирани, и можеби најдобро е да ја погледнат страницата https://eastgateliving.mk/en/ каде ќе добијат најрелевантни податоци за станови според нивните потреби. Севкупно ќе има 10 згради со околу 1.600 станови. Една од најголемите предности е дека секој стан доаѓа со директен и лесен простап до свое паркинг место во подземна гаража, на две нивоа. Секој стан ќе биде опремен со „смарт“ системи за домот, кои го следат ритамот на модерното живеење, со мулти-сплит системот за климатизацијата за ладење и греење за контрола врз температурата во секоја просторија за комплетна удобност.

Можете ли да ни кажете какви се Вашите планови за инвестиции во регионот за наредниот период, ќе ни откриете ли некој нов планиран проект?

Папранику: Во групацијата „Балфин“ се вклучени 7 индустрии меѓу кои се и недвижнини, големо и малопродажба, банкарство, менаџмент на капитал, медиуми, образование и логистика во 8 земји – Холандија, Швајцарија, Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Албанија, Македонија, а многу скоро и САД. 

Во групацијата има над 5.200 вработени, а севкупниот приход во 2021 година беше 755 милиони евра, додека активата е 1,50 милијарди евра. Изградивме мрежа од 220 места за продажба кои секој ден обезбедуваат производи и услуги за околу 80.000 клиенти. Групација како „Балфин“ постојано работи на нови планови, опции, да отвори нови и неотворени врати. За 2023 планирана е инвестиција од над 150 милиони евра во сериозно специфични проекти како Green Coast Resort 2 во Албанија и Vlora Marina – Валона.

Какви се плановите за инвестиции во Македонија, после успехот на „Нептун“ и„Ист Гејт Мол“, можеме ли да очекуваме некоја друга новина и кога тоа би се случило?

Папранику: Моментално работиме на нови инвестиции во „Нептун“, „Скопје Ист Гејт“, „Сервис Македонија“, „НЕП Лојалити“ и „Екон Електрон“. Во следните пет години следува развој на бизнис центарот во мултифункционалниот проект во „Скопје Ист Гејт“ кој ќе биде со севкупна површина од 90.000 квадратни метри позиционирани во 5 блока. Ќе се фокусираме на малопродажната мрежа со план за отворање на ритејл паркови во повеќе градови во земјата со население над 30.000 жители, што би било инвестиција од над 175 милиони евра. За прв пат на нашиот пазар, кој е управуван од растот на индустријата за станбени недвижности и од промената во начинот на живот на луѓето, групацијата ќе воведе DIY (направи сам) продажни објекти кои имаат за цел да им помогнат на клиентите да ги опремат своите домови без потреба од професионална помош. Да заокружиме со планирана инвестиција од над 200 милиони евра за т.н gated community комплекс, односно станбена заедница на семејни куќи (секоја со површина над 1.500 метри квадратни) со строго контролирани влезови и пристап, во непосредна близина на Скопје. Големи предизвици се пред нас во создавањето на можности за нашите клиенти, партнери, како и за просперитет на општеството во кое живееме.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот