14 Декември, 2025
0.1266

Екс зетот на Путин е под истрага и остана без земјиште

Објавено во: Свет 27 Мај, 2023 10:13

Добивај вести на Viber

Екс зетот на рускиот претседател Владимир Путин остана без земјиште.

Обвинителството на Холандија конфискувало земјиште во близина на Амстердам што му припаѓало на Јорит Фасен, поранешниот зет на Владимир Путин, откри „Гардијан“ кој го истражувал случајот со уште две медиумски организации.

Земјиштето во Дивендрехт било во сопственост на Фасен, холандски бизнисмен кој беше во брак со Марија Воронцова, постарата ќерка на рускиот претседател.

На влезот на имотот пишува дека земјиштето е одземено на 12 мај по наредба на државниот јавен обвинител за кривични дела од областа на финансиите, економијата и заштитата на животната средина. Земјиштето е одземено како дел од кривична истрага.

Според адвокатот и експерт за кривична правда Хелен над де Линден, заплената покажува дека Фасен најверојатно ќе биде дел од истрагата, иако точната причина за заплената не може да се утврди од јавните документи.

Холандското обвинителство не сакаше да ги коментира причините за заплената и зошто Фасен е под истрага.

Истражувачко новинарство беше спроведено во акцијата на „Гардијан“, како и медиумите „Следи ги парите“ и „Проект медиа“, на руски истражувачки сајт.

Се вели дека Фасен, кој живее во Москва, се соочил со сослушување од властите на аеродромот Шипхол кога неодамна пристигнал во Холандија, објавија медиумите „Проект медиа“, цитирајќи извор запознаен со Фасен. Според извештајот, лицето рече дека Фасен бил испрашуван од истражните органи под сомнение за „избегнување на санкциите кон Русија и му биле одземени лаптопот и мобилниот телефон, по што тој брзо се вратил во Москва. Фасен не одговори на телефонските повици и мејловите на Гардијан за заплената на земјиштето и инцидентот во Шипол.

И двете ќерки на Путин, Марија и Катарина беа додадени на списокот со санкции на ЕУ и САД во април 2022 година, непосредно откако Русија започна напад врз Украина, но Фасен не е на списокот со санкции на ЕУ, САД и Велика Британија. Фасен се оженил со Воронцова во 2008 година, но наводно се развеле. Тие имаат десетгодишен син. 

Можеби ќе ве интересира

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина