14 Декември, 2025
0.0487

ЕКС ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОПШТИНА ЗВЕЧАН: Ни порачуваат или да одиме во Србија или да одиме во затвор

Објавено во: Балкан 01 Јуни, 2023 15:16

Добивај вести на Viber

Да се ​​формираше Заедница на српски општини (ЗСО), немаше да дојдеме во оваа ситуација, вели екс претседателот на општина Звечан, Драгиша Миловиќ. 

Тој денеска изјави дека инцидентите на северот од Косово можеа да се избегнат ако постоеше добра волја. Вели дека пораките на францускиот претседател Емануел Макрон и на американскиот амбасадор Џефри Ховениер се охрабрувачки, пренесува „РТ Балкан“.

Миловиќ  се здоби со повреди во инцидентите кои се случија деновиве во Звечан. Тој изрази жалење што реториката во Приштина не оди во насока на смирување на тензиите и нагласи дека граѓаните мора да останат смирени затоа што мирниот отпор е најсилното оружје што го имаат.

„Вистината е на наша страна, на своја земја сме, од друг ништо не сме зеле. Мора да се бара политичко решение“, рече Миловиќ.

Вели дека косовците им порачуваат или да одат во Србија или да одат во затвор. 

Претседателот на Српската листа Горан Ракиќ во изјава за медиумите објасни дека КФОР вчера одговорил на неговото барање за зголемување на присуството на војници на повеќе локации за да се спречи евентуална ескалација на ситуацијата. Припадници на КФОР има кај црквата, на влезот во градот, кај училиштето. Пред неколку дена имаше судири во Звечан, при што беа ранети најмалку 52 Срби, но и припадници на КФОР. Србите бараат формирање на ЗСО и косовските специјалци да се повлечат од северот. Западот повика на деескалација и ги осуди приштинските власти. 

Можеби ќе ве интересира

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?