13 Мај, 2024
0.0264

Екс градоначалникот Жика Стојановски ќе го менаџира хотелот „Белви“

Објавено во: Економија 21 Март, 2024

Добивај вести на Viber

АД Македонијатурист го назначи поранешниот четирикратен градоначалник на Илинден, Жика Стојановски, за в.д. директор на хотелот „Белви“ кој се наоѓа во истата општина која што гравитира кон Скопје.

Стојановски во изминатите четири мандати стана еден од најпопуларните градоначалници во земјата и неформален „експерт за локален развој“. Во неговата ера општината доживеа огромен развој со најверојатно најголем број на продадени градежни парцели на инвеститори од земјата и странство

Стојановски од средината на месецов е ангажиран од сопственикот „Македонијатурист“ на местото на досегашниот привремен директор Јовче Димов. Тој во меѓувреме „остана без работа“ откако на последните локални избори во 2021 не успеа да го добие петтиот мандат, најмногу поради тоа што беше дел од групата која се побуни против раководството на ВМРО-ДПМНЕ и остана без партиската поддршка. Актуелен градоначалник на Илинден е Александар Георгиевски.

Останува времето да покаже дали ова кадровско решение е правилен потег на „Македонијатурист“ и кој е заемниот интерес во договорот постигнат помеѓу двете страни. И хотелот, кој се уште има огромен потенцијал, како и самиот Стојановски се од истата општина која сообраќајно се наоѓа на најпрометниот дел од земјата.

„Македонијатурист“ изминатите денови ги објави своите извештаи за работењето на берза, каде може да се види дека од сите активни хотели кои ги поседува, инвестициски убедливо најмногу вложува во „Холидеј Ин“, а потоа во „Белви“ и „Карпош“. Акционерското друштво изминатата година остварило приходи од безмалку 7 милиони евра, иако добар дел од нив се од вложувања во хартии од вредност, што е за 28,25 отсто повеќе во однос на една година претходно. Порастот на приходите од ноќевањата е зголемен за 52,41 отсто.

Стојановски во „цунамито“ во 2017 беше еден од ретките градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ што победи на локалните оизбори, но го следеа и контроверзи. Во 2018 во езерце од ископана дупка за темели за изградба на станови се удави 13-годишно дете, по што се испостави дека општината до тој момент немала издадено одобрение за градба, ниту е почната процедура за издавање, според информации од Обвинителството кои тогаш ги објавија медиумите. На површина од 28 хектари, со опфат на 500 парцели за изградба на семејни куќи, се ветуваше нова населба „Јака“ за млади брачни парови, но со години немаше основни услови за живеење.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции