14 Декември, 2025
0.0361

Економскиот факултет при УКИМ и ИСОС склучија Меморандум за деловно-техничка соработка

Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2024 14:03

Добивај вести на Viber

Искористување на научните, стручните и професионалните капацитети на двете институции, во функција на создавање високостручен кадар од областа на сметководството и останатите економски науки е главната цел што треба да се постигне со Меморандумот за деловно-техничка соработка помеѓу Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС), што го потпишаа деканот на факултетот,  проф. д-р Предраг Трпевски и претседателката на ИСОС, Весна Прентоска.

Потпишаниот Меморандум ја поставува рамката на идната соработка помеѓу двете институции на полето на образованието, обуката и континуираното професионално усовршување, во низа области од економската наука, вклучително и во сметководството.

„Преку ова партнерство со единствениот Институт кој ја претставува целокупната сметководствена професија и во кој членуваат сите сегашни и идни професионални сметководители во земјата, нашиот факултет ги става на располагање сите свои образовни и научни капацитети и целокупното акумулирано знаење во областа на економските науки. Истовремено со него добиваме партнер кој на ефикасен начин може да им пренесе на нашите студенти квалитетни искуства и практично знаење од областа на финансиското известување. Ваквиот начин и модел на соработка помеѓу двете институции со сигурност ќе внесе нова енергија и му даде дополнителна вредност на процесот на создавање нов стручен кадар во областа на применетите економски науки, кој ќе биде подготвен да одговори на потребите и предизвиците на економскиот развој на нашата земја“, посочи деканот на Економскиот факултет при УКИМ, проф. д-р Предраг Трпевски.

Договорената соработка помеѓу Економскиот факултет и ИСОС треба да се реализира преку организирање на практична настава за студентите, учество на вработени и членови на ИСОС како експерти од праксата на предавањата на факултетот, презентирање на практични проблеми, предизвици, решенија и можности за студентите на Факултетот, организирање на заеднички стручни работилници и конференции со вклучување на научниот кадар на Факултетот како говорници и предавачи, организација на натпревари за студенти и реализација на други проекти и активности. 

Изразувајќи задоволство од официјализирањето на соработката со најголемиот факултет за економски науки во земјата, претседателката на ИСОС, Весна Прентоска изјави: „Убедени сме дека оваа соработка ќе придонесе за натамошно унапредување на сметководствената професија во нашата земја и за зголемување на нејзината атрактивност, особено кај младите. Тоа е особено важно, затоа што просечната старосна структура на сметководителите во нашата земја постојано се зголемува. Преку оваа соработка, со задоволство ќе им го пренесеме на студентите на Економскиот факултет искуството и знаењето на нашите вработени и членови, а истовремено преку учеството на професорите и останатиот образовен и научен кадар од факултетот, на работилниците и конференциите кои ќе ги организираме во иднина, ќе им овозможиме на нашите членови пристап до квалитетно знаење и експертиза од сите области на економијата, вклучувајќи го сметководството“, истакна Прентоска.  

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија