18 Април, 2024
0.0256

Интервју со Ѓиле Вишај, советник за економски прашања во амбасадата на Република Словенија во Република Северна Македонија

Економската соработка меѓу Словенија и Северна Македонија постојано расте

Објавено во: Мои пари, Интервјуа 08 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Интервју со Ѓиле Вишај, советник за економски прашања во амбасадата на Република Словенија во Република Северна Македонија


Нашите две држави, годинава, слават три децении одлична соработка во сите сфери на општественото живеење, посебно во економијата. На што се должи оваа соработка?

Односите меѓу Република Словенија и Северна Македонија се одлични и традиционално пријателски уште од признавањето на независноста на Северна Македонија во 1992 година. За тоа време соработката меѓу двете земји на различни полиња стана многу интензивна и разновидна, луѓето од двете земји се мошне поврзани. Ова е само уште еден доказ за силните врски меѓу Словенија и Северна Македонија, кои се евидентни во сите области, не само во економската соработка, која е можеби најочигледна, туку и во историските и културните врски. Културните контакти и врски ги поврзуваат луѓето. Голем број македонски граѓани во Словенија најдоа работа и нова татковина. Но и обратно.

Цврсто верувам дека ги зајакнавме културните и меѓучовечките врски со подобри можности за размена на знаењето. Сметам дека за ова многу придонесе потпишувањето на Протоколот за соработка во областа на образованието, кој меѓу другото овозможи македонските студенти бесплатно да студираат на словенечките универзитети и обратно. Според податоците за учебната 2021/2022 година, во Словенија студирале околу 1.400 македонски студенти, а за 2022/2023 година сѐ уште немаме официјални податоци. Токму овие контакти - контакти и врски меѓу младите генерации - се најважната основа и гаранција за идната соработка.

Време е по завршување на Југославија, политичките патишта на Словенија и Северна Македонија уште повеќе да се приближат - овој пат преку заедничко членство во НАТО и Европската Унија. Сегашноста може да не приближи повеќе од историјата. Во секој случај, Северна Македонија секогаш ќе ужива словенечка поддршка во овие напори.

Наредната недела се организира и економски форум на кој ќе учествуваат словенечки и македонски компании. Што очекувате од форумот?

На форумот ќе разговараме за две исклучително важни и актуелни теми: дигитализација и енергетика. Нашата желба е да ја претставиме дигитализацијата на бизнисот и неговото значење за брзиот развој на економијата и општеството. Со дигиталната трансформација, градиме отпорност на компаниите, економијата и општествотои сме подобро подготвени за иднината и новите предизвици. За време на епидемијата, многу компании и организации решија побрзо да воведат е-бизнис решенија. Решенијата за кои претходно се чекаше со месеци или дури со години, во овој период, речиси преку ноќ,во голем број компании станаа дел од секојдневниот бизнис. Прилагодувањето на промените е од клучно значење. Компаниите се соочуваат со нови деловни пристапи, хибридна работа, барања за контрола на трошоците и се разбира, безбедно електронско работење. Целта на дигитализацијата на бизнисот е да се постигне поголема агилност и издржливост на организациите. Горди сме што успешно реализиравме ваков обемен проект во Словенија и нашето искуство сакаме да го споделиме со нашите македонски пријатели.

Пазарите со енергетика се соочуваат со големи предизвици поради превисоките цени на енергетсите. На форумот ќе бараме одговори на прашањата како да се постигне ефикасна декарбонизација во индустријата и како да се одговори на високиот раст на цените на енергенсите. Треба да се истакне дека меѓународната конкурентност на словенечките и европските компании значително опаѓа. Причините се високите трошоци за енергија, растот на цените на енергесите, зголемувањето на каматните стапки, а со тоа се намалува и стопанската активност.

Во Словенија долги години се наградуваат проекти за енергетска ефикасност, енергетски менаџери и енергетски ефикасни компании, а во исто време самиот пазар ги принудува сите засегнати страни да ја максимизираат енергетската ефикасност. На форумот би сакале да зборуваме и за тоа кои се главните насоки. Меѓу најважните е трошковната ефикасност, второто е секако намалување на јаглеродниот отпечаток, трето е намалувањето на зависноста од пазарите со енергенси. Во последно време особено намалувањето на зависноста од пазарите со енергенсистанува мошне актуелно. А последните месеци од особена важност е сигурноста при снабдување со енергенси. На ова не смееме да гледаме само низ призмата на актуелниот конфликт, кога сигурноста на снабдувањето е ставена пред јаглеродната неутралност. Овие проекти не се проекти за преку ноќ. Тие се планираат долг период и за нивно спроведување е потребен подолг период.

Каков е интересот на словенечките компании да настапат на пазарот во Македонија? Колку компании очекувате? Ќе има ли државни претставници од Словенија на Форумот?

Словенечкиот капитал е традиционално мошне присутен во Северна Македонија, како по обем, така и по број на инвестиции во различни сектори на економијата. Причините зошто Северна Македонија е интересна за словенечките инвеститори и покрај тоа што не е членка на ЕУ, се географските и историските фактори,како што се географската близина на Словенија, доброто познавање на пазарот и јазикот, традиционално добрите односи со воспоставените деловни партнери во минатото и препознатливоста на некои словенечки брендови. Познавањето на економијата, деловните навики и обичаите на Северна Македонија овозможи словенечките компании,дури и за време на финансиски и економски кризи,да се снаоѓаат подобро од другите.

Фактот дека земјата од макроекономска гледна точка е стабилна, исто така има големо влијание врз интересот за инвестирање во Северна Македонија, затоа што курсот на македонската валута е стабилен веќе 25 години. Друга карактеристика е силниот банкарски систем, во кој важна улога има и словенечката банка. Банките во Северна Македонија во минатото покажаа дека се силни, отпорни на кризи, како политички така и глобално-финансиски и со промислената политика на Народната банка на Северна Македонија може да покажат дека се способни да ги поддржат финансиските активности на нивните компании и граѓани. Ценовната стабилност, заедно со стабилноста на девизниот курс во однос на еврото, значително придонесува за севкупната макроекономска стабилност на земјата.

Ова е и причината зошто бележиме голем интерес за учество на форумот. Според моите информации, на форумот се пријавиле повеќе од 25 компании од Словенија. Дека има голем интерес од словенечка страна докажува и учеството на Матјаж Хан, министер за економски развој и технологија на Република Словенија. Токму големиот број деловни делегации го зајакнува моето уверување дека и словенечката економија има голем интерес за натамошно зајакнување на своето присуство на македонскиот пазар.

Што велат статистичките податоци за тридецениската економска соработка меѓу двете земји?

Северна Македонија, како и другите земји од поранешна Југославија, е традиционален пазар за словенечките компании и затоа постојат одредени искуства и мрежи на контакти. Северна Македонија е многу интересен пазар за словенечките инвеститори. Економската соработка постојано расте (размена на стоки и услуги, инвестиции). Главната цел е да се зголеми стоковната размена на 500 милиони евра и да се продлабочи економската соработка и во областа на услугите и странските директни инвестиции.

Словенија и Северна Македонија се важни економски партнери. Затоа е важно владите на двете земји да продолжат со создавање позитивна клима и соодветни законодавни рамки кои ќе ја промовираат билатералната економска соработка, особено инвестициската активност.Северна Македонија е многу интересен пазар за словенечките инвеститори. На крајот на 2021 година, во Македонија имало 457,8 милиони евра словенечки инвестиции, што претставува зголемување од 9 отсто во однос на кумулативната вредност на словенечките инвестиции од крајот на 2020 година.

Радува и тоа што трендот на трговска размена меѓу двете земји постојано се зголемува. Вкупната размена на стоки меѓу Словенија и Северна Македонија во 2021 година изнесува 374 милиони евра, што претставува зголемување од приближно 24% во споредба со 2020 година. Истовремено, важно е увозот од Северна Македонија во Словенија да продолжи да се зголемува, што досега заостануваше зад извозот, што ја покажува зголемената доверба на словенечкиот пазар во македонските производи. Во 2021 година, забележавме раст на македонскиот увоз за 34% во однос на 2020 година, а неговата вредност изнесуваше 145 милиони евра, додека словенечкиот извоз достигна 229 милиони евра (раст за 18%), што значи дека трговската размена на Словенија со Северна Македонија сѐ уште бележи трговски суфицит.

Во словенечката амбасада оценуваме дека има уште многу можности за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, а се отвораат можности во повеќе области. Потенцијали има главно во областа на информатичката технологија, телекомуникациите, производството на органска храна, енергетиката и во туризмот, особено термалниот. Во овие сектори постојат реални можности за продлабочување на соработката, особено во имплементација на заедничкото производство на компании од двете земји кои имаат компатибилни техничко-технолошки можности, за да можат заедно да соработуваат и на трети пазари.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година