Еколошка катастрофа: Илјадници тони нафта се излеале во подрачје со најчиста вода на планетата
Објавено во: Свет 28 Јули, 2019 11:56
Околу 40 000 тони нафта се излеале во водите на Јужниот Пацифик после инцидентот на терминалот на рударска компанија на островот од крајниот југ на Патагонија.
Инцидентот се случил вчера, во текот на активности на компанијата ЦАП, на терминал на островот Гварело, 250 км северозападно од Пуерто Наталес, соопштиле чилеанските власти.
Нафтата се излеала во зона која спаѓа во подрачје со најчиста вода на планетата и богат екосистем.
Локалните власти наредиле истрага за тоа што го предизвикало истекувањето на нафтата и кој е одговорен за хаваријата.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




