14 Декември, 2025
0.2523

Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди

Објавено во: Мои пари 22 Април, 2025 10:46

Добивај вести на Viber

Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди

Македонски Телеком го одбележува Денот на планетата земја, со еко активности засобирање стари уреди, коишто имаат за цел заштеда на природните ресурси и намалување на електронскиот отпад.

Акција Еко попуст

Продолжува акцијата за собирање стари уреди, со уште поголеми поволности за корисниците. Отсега еко попустот за T Phone, кој изнесува 3000 денари ќе биде активен во текот на целата година. Проширена е и палетата на стари уреди за кои се добива попуст и освен телефони, корисниците ќе може да остават: слушалки, таблети, паметни часовници, полначи.

Оваа акција во која корисниците дирекно придонесуваат, почна пред неколку години и досега се собрани над 40 000 стари мобилни уреди кои се рециклираат во партнерство со „Нула Отпад“.

Иницијативата Еко-попуст го носи печатот за квалитет, одговорност и одржливост #GreenMagenta, кој го доделува Дојче Телеком за исклучителни еко - иницијативи од целата групација.

Акција во училишта и градинки

Во соработка со „Нула Отпад“ се организира и акција за собирање стари уреди во повеќе училишта и градинки во Скопје.  Акцијата се одвива во текот на април 2025 година, а одделенијата и градинките коишто ќе соберат најмногу електронски отпад добиваат подарок – прочистувач за воздух. Оваа акција има едукативна цел, но го поттикнува и натпреварувачкиот дух и работењето во група кај децата и младите.

Македонски Телеком се залага за намалување на негативното влијание врз природата, со особен акцент на циркуларната економија и има одговорност да направи вистинска разлика за поздрава животна средина.

Повеќе за Еко попуст на: www.telekom.mk


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија