21 Мај, 2025
0.0349

ЕГЗОТИЧНО ОВОШЈЕ, РИЗНИЦА ОД ВИТАМИНИ: Успева во Македонија, но оние кои го саделе имале потешкотии да го продадат

Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2024 07:37

Добивај вести на Viber

Киваното е егзотично овошје кое го нарекуваат ризница од витамини. Дел од македонските граѓани го саделе, кажуваат дека лесно се одгледува, има богат род, но немало кому да го продадат затоа што народот се фокусира на купување на овошјата и зеленчуците кои се користат овде со генерации. Оние кои засадиле кивано, велат дека го консумирале за сопствени потреби, го подарувале, нуделе семиња на другите и слично.

„Корисно е, ама не се продава. Изгледа не знаат луѓето за него. Нема некој бум. Им понудив на неколку пазарџии, не сум голем прозводител, но не сакаа да ги земат. Потоа ги подарив на луѓе, онака за без пари. Од еден корен, раѓа и 50 парчиња. Садев пет-шест години. Плодовите траат неколку месеци, потоа презреваат и скапуваат. Можеби е до начинот на чување, затоа што имав случај со едно беше оставено дома и траеше до мај, остана како украс. Другите максимум стојат до Нова година, до јануари. Сопругата на работа зборувала за киваното, купивме две-три коренчиња, засадивме и така почнавме. Годинава сепак не бидна. Дадов коренчиња на луѓето, тие засадија, сега  од нив ќе барам семе, односно догодина ќе видам дали и ќе засадам. Има многу интересен вкус. Здраво е како што читав од литературата. За растење не му треба ништо посебно, освен вода, нема прскање, хемикалии не требаат. Го засадив, му пуштив систем капка по капка и како зелено исто така може да се користи за во туршија. Се бере кога ќе падне слана, а од еден корен, ги броев,  имав 50 парчиња. Годинава мислам дека од жешкото не успеа“, вели Рубин Бошевски, кој садел кивано.

На интернет има и огласи на кои се продаваат и садници кивано или пак семе од овошјето. Сепак, оние кои саделе кивано, велат дека потрошувачките навики кај нас тешко се менуваат. Луѓето ќе потрошат пари за цигари, за нездрава храна, но не сакаат да пробаат нешто ново.

„Луѓето не сакаат да пробаат нешто ново. Ние садевме кивано 3-4 години. За продажба беше послабо. За себе го користевме, здраво е, само што нема кој да го купи. Кога видовме дека нема интерес, прекинавме. Ние и грав садиме повеќе сорти, и шарениот и црниот е здрав, ама белиот го купуваат. Луѓето не ги менуваат своите навики“, додава ресенчанка.  

Друга наша соговорничка вели дека го садела киваното, но потоа се откажала, затоа што нема интерес за истото. Според неа, луѓето даваат предност на она што е вкусно, додека избегнуваат храна која е здрава, но има неутрален вкус.

„Не сме научени да консумираме кивано. Правевме шејкови со други овошја и кивано. Еден плод тежи, сигурно е 400 грама и украсно е. Раѓа доста, може да има по 20 плода и повеќе на едно растение, нема никаква работа, нема прскање, еколошко е,  ама не е вкусно. Две години го садевме ние. Брзо расте, украсно е, корисно е, ама луѓето не сакаат да го консумираат, освен во сокови, шејкови“, вели Надежда Трајановска, којa садела кивано.

Овошјето е со потекло од Африка, обединува неколку вкусови, како банана, киви, диња, лимон. Поради високото присуство на антиоксиданти, киваното е одличен сојузник во борбата против хроничните заболувања. Киваното задоволува околу 13 отсто од дневната потреба за железо кое во комбинација со витаминот Ц, промовираат соодветна продукција на хемоглобин во црвените крвни зрнца и на тој начин обезбедуваат транспорт на кислород меѓу клетките.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

АРСОВСКА ПОЧНА СО „ЛАЈВ“ ВИДЕА: „Висар Ганиу, не се криј, дечко“

АРСОВСКА ПОЧНА СО „ЛАЈВ“ ВИДЕА: „Висар Ганиу, не се криј, дечко“

„Обвинетите се договорале и кородинирале со цел да си остварат користољубие“: обвинителство за судењето во случајот со убиството на Вања и Панче

„Обвинетите се договорале и кородинирале со цел да си остварат користољубие“: обвинителство за судењето во случајот со убиството на Вања и Панче

ЌЕ БИДЕ ЕДЕН ОД ТРОЈЦАТА ПРЕДЛОЖЕНИ КАНДИДАТИ: Силјановска не го открива името на идниот гувернер

ЌЕ БИДЕ ЕДЕН ОД ТРОЈЦАТА ПРЕДЛОЖЕНИ КАНДИДАТИ: Силјановска не го открива името на идниот гувернер

И УХМР ПРЕДУПРЕДУВА: Еве каде ќе има невреме

И УХМР ПРЕДУПРЕДУВА: Еве каде ќе има невреме

ОСМАНИ СЕРИОЗНО ЗАГРИЖЕН: „Раскол во срцето на мултиетничката, европска Македонија“

ОСМАНИ СЕРИОЗНО ЗАГРИЖЕН: „Раскол во срцето на мултиетничката, европска Македонија“

ВЕЌЕ НЕ Е МИНИСТЕР, ПА МОЖЕ ДА ШЕТА: Таравари замина кај Рама

ВЕЌЕ НЕ Е МИНИСТЕР, ПА МОЖЕ ДА ШЕТА: Таравари замина кај Рама

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ УЧИ ЗА ПОП: Условите за упис во средно бараат благослов од надлежен архиереј и уверение од парохискиот свештеник дека кандидатот е подобен за свештенички чин

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ УЧИ ЗА ПОП: Условите за упис во средно бараат благослов од надлежен архиереј и уверение од парохискиот свештеник дека кандидатот е подобен за свештенички чин

ЦАРИНИЦИТЕ СО „БОГАТА“ ЗАПЛЕНА: откриени евра, цигари, детски играчки, уметнички слики

ЦАРИНИЦИТЕ СО „БОГАТА“ ЗАПЛЕНА: откриени евра, цигари, детски играчки, уметнички слики

АКЦИЈА „БУНКЕР“, ОЈОГОКК ОБЕЗБЕДИЛО ДОКАЗИ ПРОТИВ КРИМИНАЛНАТА ГРУПА БЕЛАНОЦА-БАРОН: Од утринава се претресуваат пет локации во Скопје

АКЦИЈА „БУНКЕР“, ОЈОГОКК ОБЕЗБЕДИЛО ДОКАЗИ ПРОТИВ КРИМИНАЛНАТА ГРУПА БЕЛАНОЦА-БАРОН: Од утринава се претресуваат пет локации во Скопје