EГЗОДУС ОД НАГОРНО - КАРАБАХ: Повеќе од 100.000 Ерменци избегале во Ерменија
Објавено во: Свет 30 Септември, 2023 13:35
Повеќе од 100.000 Ерменци избегале од Нагорно-Карабах.
Азербејџан ја зазеде оваа отцепена територија во офанзива пред нешто повеќе од една недела. Ереван поднесе жалба пред Меѓународниот суд на правдата на Обединетите нации (ОН) за да го спречи Баку од наводното таргетирање на тамошните Ерменци.
Кабинетот на ерменскиот премиер Никол Пашанијан претходно соопшти дека властите регистрирале над 80 илјади од над 100 илјади луѓе кои досега избегаа од Нагорно-Карабах. Тоа се три четвртини од проценките за целата популација на регионот.
Ерменските претставници стравуваат од етничко чистење, а се засилија меѓународните повици да се спречи хуманитарна катастрофа.
Азербејџан ги повика Ерменците да останат во своите домови и ги повика агенциите на ОН да испратат мисија „за да се запознаат со тековните хуманитарни активности што ги спроведува Азербејџан во регионот“.
Портпаролот на ОН Стефан Дужарик синоќа соопшти дека ОН викендов ќе испратат мисија во Нагорно-Карабах, област која е меѓународно призната како дел од Азербејџан, но беше по контрола на етничките Ерменци кои имаа поддршка од Ереван со децении по распадот на Советскиот Сојуз.
Азербејџанските сили со механизација ги рушат ерменските утврдувања во Нагорно Карабах.
Можеби ќе ве интересира
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела




