14 Декември, 2025
0.0632

Едукативно-забавна програма и акција за собирање, реупотреба и пренаменување на текстил викендов во Дајмонд мол

Објавено во: Мои пари 16 Мај, 2025 12:45

Добивај вести на Viber

Во текот на претстојниот викенд, Дајмонд мол ќе биде место каде низ забава, децата ќе се едуцираат за особено значајни еколошки теми и каде граѓаните ќе можат да го рециклираат текстилниот отпад и да бидат сигурни дека придонесуваат за заштита на животната средина.

Под мотото „Рециклирај, креирај, блескај“, на 17. и 18. мај, Дајмонд мол организира низа активности за подигнување на свесноста за повторна употреба и рециклирање на отпадот, со цел да се изградат еколошки ставови, особено кај помладите, и преку тоа да се придонесе кон намалување на текстилниот и други видови отпад.

Учествувајќи на различни работилници што ќе бидат организирани во рамки на овој  настан, најмладите ќе можат низ интерактивни и забавни активности да научат како да ѝ најадат поинаква намена на својата облека или да и им дадат нов живот на старите фармерки и маици, а ќе учат и како да изработуваат декорации и накит од отпад. Првите работилници ќе се одржат во сабота, 17. мај, од 12.00 до 14.00 часот и се наменети за деца од 5 до 12 години. Во недела пак, на 18. мај, ќе има работилница и модна ревија за креации изработени од отпад, детска модна ревија, советувалиште за модни стилови и танцова изведба на „Скил фактори“. Програмата ќе трае од 12.00 до 14.00 часот.

Паралелно со едукативно-забавната програма, Дајмонд мол, во соработка со „Тексомак“ - компанија што промовира, координира и финансира активности за селективно собирање, сортирање и рециклирање на текстилниот отпад, ќе овозможи сите оние што имаат облека и друг вид текстил што не го употребуваат, да го рециклираат со тоа што ќе го одложат во специјални контејнери кои ќе бидат поставени на неколку локации во молот.

Организирајќи го овој настан, заедно со своите посетители, Дајмонд мол помага во подигнувањето на свесноста за еколошките решенија и однесување и на поединците и на компаниите.


Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија