08 Мај, 2024
0.0229

Едукативен проект за доближување на девојчињата до техничките дејности

Објавено во: Мои пари 15 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија ја организираше едукативната програма  „Со ќерките на работа“ преку која децата на вработените се запознаа со дејноста на компанијата и работното место на своите родители.

 CHA_4979

Над 100 вработени во ЕВН, на работа дојдоа со своите ќерки, кои имаа можност да видат како минува работниот ден на нивните родители. Инженери, правници, економисти, менаџери, електромонтери и други профили на вработени во компанијата, на своите деца им ги презентираа работните задачи кои тие ги извршуваат.

 CHA_5124

Во првата фаза на овој едукативен проект, засега беа опфатени само женските деца, бидејќи статистиката покажува дека кај нив има помалку интерес за техничките професии.

 CHA_5143

Девојчињата на возраст меѓу 8 и 18 години, поделени во неколку возрасни групи изработуваа проекти, со што се уверија дека техничите професии не се само привилегија на момчињата. Оваа програма на најмладите учесници им овозможува да се запознаат со техничките науки и даразвијат интерес за нив, а на поголемите повеќе информации пред носењето на одлуката каде ќе го продолжат своето образование.

 216

Заменик претседателот на  Управниот одбор на ЕВН Македонијаг. Харалд Дамерер, им посака добредојде на учесниците во проектот. Г. Дамерерпосочи дека ваквите настани им помагаат на децата полесно да ја разберат одговорната работа која ја имаат нивните родители-вработени во ЕВН Македонја кои секојдневно се грижат да снабдат со електрична енергија 2 милиона жители во земјава.

 495

Важноста на енергетиката, придонесот на жените во нејзиниот развој, историјата на електрификацијата на Македонија и идните предизвици,на младите им ги презентираше г. Игор Гиевски, член на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

 439

Ваквите интерактивни активности и партнерства им помагаат на вработените да ги насочат децата кон иднината за која тие сонуваат и да ја откријат важноста и можностите на балансот меѓу работата и семејниот живот.

 327

„Со ќерките на работа“ е проект за првпат креиран во 1992 г. во Њујорк, САД. Првата официјална прослава на денот е организирана во април 1993 година  и од тогаш 37 милиони деца од целиот свет учествуваат во овој проект. Неколку години подоцна во проектот се вклучени и момчињата, па така прославата на овој ден станува интернационална непрофитабилна програма во САД, Канада и Австралија.

Можеби ќе ве интересира

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“