ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата во јануари досега изнесува 147 евра за мегават час
Објавено во: Мои пари 28 Јануари, 2023 12:20
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија завчерашниот ден, 27 јануари просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 169,73 евра/mwh.
Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) постигна ниво од 190,88 евра за мегават час.
Просечната цена на електричната енергија во текот на месец јануари до сега, (baseload till date) изнесува 147,00 евра за мегават час, што е за околу 114 евра пониска од цената по која што електрична енергија се тргуваше во текот на декември.
Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за разумното и рационално трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.
Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.
Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




