16 Декември, 2025
0.0775

ЕДНА НЕДЕЛА ВО УЧИЛИШТЕ, ЕДНА НЕДЕЛА ОНЛАЈН: Почнаа разговорите за старт на учебната година

Објавено во: Македонија 28 Јули, 2020 07:02

Добивај вести на Viber

Се бара модел по кој најбезбедно ќе почне новата учебна година. На нешто повеќе од еден месец надлежните почнаа да кројат планови и да бараат решенија како децата ќе продолжат во училиште. Од Комисијата за заразни болести велат дека во ниту еден случај децата не смеат целосно да остана дома и од 1.септември наставата да продолжи како што беше второто полугодие. Вчера се одржа првиот состанок со претставници од Министертсвото за образование и наука, но без министерот Арбер Адеми, кој во моментов е се уште во изолација, бидејќи е позитивен на корона вирусот.

Од Комисијата за заразни болести, за Фактор велат дека претставниците од МОН дошле со конкретни предлози, но се уште е рано за да се каже како ќе биде организирана наставата.

-Не смее да ни се случи основците и средношколците и од септември да останат дома. Секаде во светот наставата се организира некако. Претставниците кои вчера присуствуваа на состанокот имаа некои предлози, во смисла оние училишта кои бројат многу деца, а тоа се во Скопје, Куманово и во Тетово, наставата да биде организирана така што децата би биле поделени во групи. Наизменично да се следи наставата една недела во училиште, една недела онлајн, а часовите да траат по 30 минути. Ова секако нема да важи за сите училишта подеднакво. Во некои училишта во земјава има само по десеттина деца. Таму единствено што ќе треба е да се почитуваат општите мерки и протоколи, односно дезинфекција на клупите, просториите, тоалетите, и така натаму, како и задолжително носење маска и одржување растојание. Што значи дека ќе може да се обезбеди непречено физичко присуство во училиштата. Онлај настава е многу потешко да се организира на целата територија на земјава, бидејќи дел од луѓето во некои села немаат ниту компјутери, ниту интернет, велат за Фактор членови на Комисијата за заразни болести.

За ова прашање, Фактор разговараше и со неколку наставници кои се децидни дека каков модел да се избере за физичко присуство во училиштата, ќе биде многу подобар од онлај учење.  

-Најважно е во клупите да седнат првачињата кои за прв пат ќе осознаат што е институцијата училиште, наставник и обврски. Оние дечиња кои преминуваат од 5 во 6 одделение, исто така мора да се видат со класниот раководител, кој по прв пат ќе ги запознае, како и бројните наставници кои по прв пат ќе почнат да им ги предаваат предметите. Посебно важен момент е исто така за средношколците кои сега ќе бидат прва година. Практично и тие се првачиња, но малку поголеми...Нова средина, нови професори, нови друштва....Нашиот генерален став е дека одењето во училиште е од исклучителна важност за секое дете и не смее да дозволиме годината да се почнува од дома, велат наставниците.

Истовремено, загрижени се и родителите, кои сметаат дека учењето по електронски пат не го добива потребниот квалитет на образовние, заради што велат дека овие генерации никогаш нема да го надоместат изгубеното, ако не одат во училиште. 

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“