19 Декември, 2025
0.1039

Еден и единствен! Кој извезе вино и ракија за пет милиони евра во три месеци?

Објавено во: Економија 06 Мај, 2022 07:28

Добивај вести на Viber

„Тиквеш“ донесе многу убава и охрабрувачка вест за целата инвеститорска јавност, а особено за акционерите. Успеа за 90 дена да извезе вина и ракија во вредност од 5 милиони евра, а при тоа да го зголеми за 99 отсто извозот во споредба со истиот период лани. Притоа целата продажба порасна за 2,6 милиони евра, а трошоците на продажба за 2,1 милиони евра

Најголемиот македонски производител на вино „Тиквеш“ одлично ја отвори годинава! Во првите три месеци успеа да продаде вино и ракија за 8,7 милиони евра и да ја зголеми продажбата за 43 отсто во споредба со истиот период лани.

Особен квалитет кој ќе го сврти вниманието на домашната инвеститорска јавност е фактот што „Тиквеш“ успеа да извезе свои производи во вредност од 5 милиони евра што е удвојување на вредноста на извозот во споредба со минатата година.

Податоците покажуваат дека извозната стратегија на „Тиквеш“ дава резултат и во овие кризни времиња на бројни неизвесности предизвикани од корона кризата. Извозот е речиси удвоен и во споредба со првите три месеци лани сега е зголемен за 2,5 милиони евра. Резултатот е за почит и поздравување особено сега во услови кога секој девизен прилив во земјава е неопходен и важен. Доколку успее да преслика кварталното темпо на годишно ниво „Тиквеш“ годинава може да очекува извоз од 20 милиони евра што ќе биде одличен резултат.

На домашниот пазар најголемата винарска визба ја одржа пазарната позиција, а таа е убедливо доминантна, на речиси идентично ниво како и истиот период лани. „Тиквеш“ на домашниот пазар продаде од своите стоки во вредност од 3,6 милиони евра.

Трошоците на продажба за првите 90 дена годинава изнесуваат 5,8 милиони евра и се за 55 отсто повисоки од истиот период лани. Оперативната добивка на компанијата е половина милион евра, што е за нијанса послабо од истиот период лани. Нето добивката изнесува 332.000 евра и бележи пад за 12 отсто во споредба со истиот период лани.

Најголема расходна ставка се трошоците за суровини и други материјали и изнесуваат 2,23 милиони евра што е за 59 отсто повеќе од истиот период лани.

„Тиквеш“ и во корона услови се грижи за материјалната мотивација на своите вработени. Трошоците за вработените се за 27 отсто повисоки во споредба со истиот период лани и изнесуваат 661.000 евра. Најголем релативен раст има кај останатите расходи кои се зголемени за три пати во споредба со првиот квартал лани. Сега изнесуваат 1,22 милиони евра. И во споредба со лани се повисоки за 3 пати.

„Тиквеш“ е најголем македонски производител на вино со годишен капацитет за производство до 35 милиони литри вино. „Тиквеш“ произведува повеќе од 20 сорти црни и бели вина. „Тиквеш“ е присутен на традиционалните пазари на поранешна Југославија, Русија, земјите членки на ЕУ, САД, Канада и Австралија.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба