14 Декември, 2025
0.0764

ЕДЕН ГАЗДА И ДИРЕКТОРОТ НА НЕГОВАТА ФИРМА ПЛАТИЛЕ ГЛОБА ОД 3.500 ЕВРА - не правеле обуки за безбедна работа, има и повреден работник

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2023 10:30

Добивај вести на Viber

Еден газда и директорот на неговата фирма платиле вкупна глоба од 3.500 евра затоа што во нивната компанија не се правеле обуки за безбедност при работењењто, што резултирало и со повреда на еден вработен. Додека, пак, една компанија платила казна од 30 евра поради тоа штпо во неа работници билр фатени дека не носеле заштитна опрема при извршувањето на своите работни задачи.

Сето ова може да се види од најновиот извештај на Државниот инспекторат за труд, за резултатите од нивните последни контроли кои се случиле по периодот од 16 до 20 јануари. 

Во тој период, како што пишуваат од ДИТ во нивната објава, државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа извршиле вкупно 99 инспекциски надзори.

„Од нив 40 се инспекциски надзори, и тоа 20 редовни и 20 вонредни надзори, кои опфаќаат контрола врз спроведување на одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита од пушењето“, се вели во известувањето.

Исто така, биле извршени  вонредни инспекциски надзори и тоа: 20 по известувања за несреќи на работа, два по претставки од вработени, граѓани, разни институции, здруженија, организации и еден по барање од страна на работодавач за исполнети мерки за безбедност и здравје при работа за потребите на Царинската управа, ИПАРД фондови и сл. 

За утврдените неправилности и недостатоци од областа на безбедност и здравје при работа и согласно Законот за заштита од пушењето, изречени биле вкупно 21 решенија со опомена или наредба.  По истекот на рокот за отстранување на недостатоците и неправилностите, извршени беа 36 контролни инспекциски надзори.

„Во овој извештаен период, издадени се вкупно три платни налози од кои два платни налози на работодавач и одговорно лице со вкупно изречена глоба од 3500 евра во денарска противвредност заради неизвршена обука за безбедна работа на вработен кој се повредил на работно место и еден платен налог на вработен со вкупна изречена глоба од 30 евра во денарска противвредност, заради неносење на лична заштитна опрема при извршување на своите работни задачи“, се верли во објавата од Државниот инспекторат за труд.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји