10 Декември, 2025
0.0687

Еден е Ворен Бафет од Пласница! Како „Пуцко Петрол“ од алашвериш со акции на ОКТА за еден ден заработи 7 милиони евра?

Објавено во: Економија 23 Јули, 2024 08:00

Добивај вести на Viber

Исмаил Јахоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ во еден студен јануарски ден пред 11 години (2013 година н.з.) гледајќи далеку во иднината одлучи да купи над 91.000 акции со право на глас во ОКТА. Тогаш на државниот Фонд за пензиско осигурување плати 625.000 евра односно ги купи по цена од 420 денари за акција. Во петокот на 19 јули неговиот син и наследник во бизнисот Асмир Јахоски ги продаде акциите за 7,9 милиони евра. За секоја од нив компанијата ОКТА плати цена од 5.919 денари. Во меѓувреме, само за 2021 и 2022 година „Пуцко Петрол“ од дивиденди на акциите во ОКТА наплати 440.000 евра. Асмир Јахоски со неговиот потег за купување акции во ОКТА за период од 11 година заработи над 7 милиони евра! И по ова ќе остане запишан во македонската корпоративната историја

Пуцко петрол“, компанијата за трговија со нафтени деривати, од петокот повеќе не е втор најголем акционер во ОКТА, најголемиот снабдувач со нафтени деривати на македонскиот пазар.
„Пуцко петрол“ кој во последните 3-4 години во македонската јавност беше познат како „кралот на тендерите“ за нафтени деривати на државни институции и јавни претпријатија во петокот на ОКТА и продаде 82.589 акции со право на глас. Цената по која Јахоски односно „Пуцко Петрол“ ги продаде акциите е 5.919 денари. Воедно тоа е и највисоката цена што во одлуката на акционерското сорбание, од 30 април годинава, декларирала дека ја плати ОКТА компанијата која е купувач на акциите. Трансакцијата за продажба на акциите на „Пуцко Петрол“ му донесе приход од 7,9 милиони евра.

Веројатно од тие пари „Пуцко Петрол“ се поднови односно ја купи деловната зграда на поранешниот градежен гигант „Бетон Скопје“, компанија во стечај.

Акциите се купени со пари на компанијата ОКТА, што е одобрено на акционерско собрание од доминантниот акционер грчката државна нафтена индустрија „Хеленик Петролеум“ поточно ЕЛ.П.ЕТ. Балканике Петролеум.

Овие акции за кои ОКТА плати 7,9 милиони евра се купени преку модусот „Сопствен откуп“ дозволен во легислативата за акционерски друштва. Тоа значи дека тие акции сега додека се во сопствен откуп се популарно кажано стерилизирани затоа што не носат право на глас на акционерско собрание ниту пак носат право на дивиденда.

„Пуцко Петрол“ своите акции во ОКТА ги купи од државата, поточно од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување уште во јануари 2013 година. Тогаш „Пуцко Петрол“ плати околу 625.000 евра за акциите на државниот Фонд за пензиско осигурување.  

Колку плати „Пуцко петрол“ за акциите во ОКТА?

Во првата тура кога од државниот ПИОМ „Пуцко петрол“ ги купи акциите на пензионерите плати 625.000 евра за повеќе од 91.000 акции со право на глас. Линк со клик на ексел табелата за 9 јануари 2013 година https://mse.mk/mk/reports Тогаш „Пуцко петрол“ на државата и плати 7 евра за акција. Сега истиот „Пуцко петрол“ од ОКТА наплати речиси 100 евра за секоја акција од која ОКТА реално нема никаква корист затоа што и така сам најголемиот акционер грчкиот ЕЛ.П.ЕТ. Балканике Петролеум ги носи сам одлуките оти поседува 81,5 отсто од сите акции со право на глас.

„Пуцко Петрол“ и лани докупи мала количина акции во ОКТА, поточно околу 1.500 акции за кои плати цена од околу 120 евра за акција.

Сега по продажбата „Пуцко Петрол“ останува да поседува околу 11.000 акции во ОКТА. По оваа трансакција во акционерската структура на ОКТА, која ќе биде ревидирана идниот понеделник во ЦДХВ , ОКТА ќе поседува 10 отсто од акциите, грчки ЕЛ.П.ЕТ Балканики ќе поседува 81,51 отсто, „Пуцко Петрол“ ќе има 1,36 отсто, а 1.266 домашни физички лица заедно поседуваат помалку од 7 отсто од акциите. Да биде структурата комплетна треба да се знае дека 13 домашни фирми поседуваат 0,4 отсто од акциите со право на глас во ОКТА.

Асмир Јахоски е сопственик на „Пуцко Петрол“. Империјата со трговија со нафтени деривати ја наследи од неговиот татко Исмаил Јахоски, основач на „Пуцко Петрол“ неколкукратен градоначалник на Општина Пласница и актуелен пратеник од ДУИ во македонското собрание. 

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

BMW има нов шеф: Кој е Милан Недељковиќ, човекот роден во Србија кој го презема баварскиот гигант?

BMW има нов шеф: Кој е Милан Недељковиќ, човекот роден во Србија кој го презема баварскиот гигант?

Белгискиот „Сибелко“ сака да експлоатира индустриски минерали во Македнија

Белгискиот „Сибелко“ сака да експлоатира индустриски минерали во Македнија

Кој е човекот што би можел да стане најмоќниот економист во светот?

Кој е човекот што би можел да стане најмоќниот економист во светот?

ЗА ПЕНЗИЈА СЕ БРИШЕ ВОЗРАСТА, ЌЕ ОДЛУЧУВА СТАЖОТ: Голема пензиска реформа во Германија

ЗА ПЕНЗИЈА СЕ БРИШЕ ВОЗРАСТА, ЌЕ ОДЛУЧУВА СТАЖОТ: Голема пензиска реформа во Германија

КУМОТ НА AI ТВРДИ: Ќе имаме повеќе слободно време, но нема ни да имаме работа

КУМОТ НА AI ТВРДИ: Ќе имаме повеќе слободно време, но нема ни да имаме работа

Овие седум вештини можат да ви ја подобрат кариерата, можете да ги научите за помалку од месец

Овие седум вештини можат да ви ја подобрат кариерата, можете да ги научите за помалку од месец

РАБОТА E ЛЕСНО ДА СЕ НАЈДЕ, А ПОЛА ПЛАТА Е ДОВОЛНА ЗА УДОБЕН ЖИВОТ: Откриена е нова ветена земја за Балканците

РАБОТА E ЛЕСНО ДА СЕ НАЈДЕ, А ПОЛА ПЛАТА Е ДОВОЛНА ЗА УДОБЕН ЖИВОТ: Откриена е нова ветена земја за Балканците

Има ли ризици за цената на златото во 2026 година?

Има ли ризици за цената на златото во 2026 година?

Никој не сака да работи за 1.600 евра: Локалите се затвораат

Никој не сака да работи за 1.600 евра: Локалите се затвораат