03 Мај, 2024
0.0252

ЕБОР по 20 години не е повеќе акционер во Комерцијална банка

Објавено во: Финансии 29 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Европската банка за обнова и развој ја потврди продажбата на уделот акции во Комерцијална банка преку Македонска берза кој изнесуваше 5,2% од сопственичкиот капитал. Со тоа ЕБОР повеќе нема сопствеништво на акции во ниту една банка во Македонија. 

„ЕБОР инвестираше во Комерцијална банка АД Скопје во 1996 година. Како акционер, ЕБОР има значително влијание врз растот и развојот на Комерцијална банка АД Скопје во текот на изминатите 20 години. Банката придонесе за зајакнувањето на кредитните политики на Комерцијална банка АД Скопје како и за зголемувањето на интересот на инвеститорите“ соопштија од ЕБОР.

Главниот извршен директор на Комерцијална банка Хари Костов по продажбата на акциите на ЕБРО изрази благодарност за досегашната поддршка од ЕБРО.

„Комерцијална банка АД Скопје би сакала да изрази благодарност до досегашниот акционер ЕБОР.  И покрај вообичаената процедура на ЕБОР да биде акционер во банка во просечен период од пет години, ЕБОР беше акционер во Комерцијална банка повеќе од 20 години, што значително придонесува за растот и развојот на банката во тој период. Се надеваме на успешна понатамошна соработка со ЕБОР во другите области на банкарството и инвестициските операции", изјави Костов.

ЕБОР и понатаму ја поддржува Комерцијална банка АД Скопје, која е една од најактивните корисници на Програмата за олеснување на трговијата на ЕБОР и партнер при дисперзија на ризик во финансирање на општинските проекти.

Вредноста на акциите кои ЕБОР ги продаде преку блок трансакција од Комерцијална банка достигна 4,4 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа