09 Мај, 2024
0.0255

ЕБОР и ЕУ ќе го зголемат финансирањето на МСП на Западен Балкан

Објавено во: Мои пари 08 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Тимот Европа дава поддршка во олеснување на економското влијание на корона вирусот врз бизнисите

Бизнисите ќе можат да ја подобрат конкурентноста по панемијата на корона вирусот.


  • ЕБОР и ЕУ подготвуваат дополнителен финансиски пакет за МСП на Западен Балкан
  • Првата заедничка програма за помош на бизнисите во надминување на влијанијата од корона вирусот
  • До €70 милиони кредити од ЕБОР и €15 милиони во ЕУ фондови за натамошно кредитирање

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) ја зголемуваат поддршката на малите и средни претпријатија (МСП) на Западен Балкан, со дополнително финансирање по појавување на  пандемијата на корона вирусот.

Банката ќе обезбеди до €70 милиони нови кредитни линии за партнерските финансиски институции за натамошно кредитирање на локалните бизниси во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. ЕУ ги дополнува овие средства со €15 милиони, кои се наменети за идентификување на најдобрата достапна опрема и технологија, со цел да обезбеди зголемување на конкурентноста на МСП и поддршка на транзицијата кон зелената економија.

Земјите од Западен Балкан одговорија на пандемијата на корона вирусот со строги мерки во јавното здравство, кои имаа големо влијание врз економијата. Овие земји страдаат и од глобален економски пад и намалена побарувачка на нивните производи.

ЕБОР и ЕУ преку Тимот Европа ги поддржува МСП во нивната амбиција да станат поконкурентни и да пронајдат иновативни решенија за справување со новите предизвици. Средствата ќе обезбедат улови виталните бизниси да продолжат да имаат соодветен пристап до финансиите, да ги задоволат високите стандарди на производите и да бидат добро позиционирани за да ги искористат понудените можностите за извоз во регионот и на Европските пазари.

,, Остануваме цврсто посветени на поддршката на бизнисите и во овие тешки времиња,” изјави Пјер Хеилброн, Подпретседател за политика и партнерство, ЕБОР. ,, Нашите дополнитени средства ќе бидат поддршка во обновувањето, растот и подготовката за иднина. Овој ангажман е сведоштво на нашето силно партнерство и соработка со ЕУ и со Западен Балкан.”

Оливер Вархели, Комесар на Европската Унија за соседни земји и проширување, изјави: ,, Малите и средни претпријатија се витални за економиите на Западен Балкан, а беа значително погодени од оваа криза. Заради тоа, ја градиме нашата долгорочна соработка со ЕБОР во регионот, за поддршка на МСП, не само во тековното работење, туку и во зајакнување на нивната отпорност и поставување на основа за одржливо обновување.”

ЕБОР е една од најголемите институции кои инвестираат на Западен Балкан. До денес, имаат инвестирано над €13 милијарди во над 700 проекти, вклучувајќи клучна инфраструктура, сегменти во МСП и зелената економија.


Можеби ќе ве интересира

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“