25 Април, 2024
0.0264

ЕБОР: 100 милиони евра заем за ЕСМ

Објавено во: Економија 13 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Европската банка за обнова и развој официјално објави дека е започнато администрирањето на заемот од 100 милиони евра за АД ЕСМ за надминување на енергетската криза, а кредитот ќе биде одобрен на 20 јули.

Кредитот ќе биде за поддршка на ликвидноста на компаниите во справувањето со  енергетската криза што ја погодува Македонија.

„Обезбедувањето на финансиските средства за ликвидност ќе се користат како обртен капитал за финансирање на плати, сервисирање на долгот и други административни трошоци на клиентот и не е поврзано со какви било нови еколошки или социјални ризици или влијанија. ЕСМ е постоечки клиент на Банката со добри резултати и ја докажа својата способност да се усогласи со барањата на Банката за време на тековните проекти“, се вели во објавата на меѓународниот кредитор.

Со овие пари ќе се финансираат структурните прашања на локалниот енергетски пазар.Заемот, се вели , дека ќе и помогне на земјата да ги исполни своите цели за одржливост и енергетска сигурност. Финансиската помош треба да ја зголеми отпорноста на енергетскиот сектор од системски шокови како што се „Ковид-19“ и сегашните кризи на пазарот на електрична енергија. 

„ЕСМ, исто така, ќе промовира развој на човечки капитал и градење на капацитети за младите работници низ своето работење во Северна Македонија. Ова ќе се постигне со воведување нова акредитирана програма за обука која ќе им овозможи на младите локални работници да стекнат вештини релевантни за пазарот, како што се тргување со електрична енергија и управување со проекти“, се вели во соопштението на ЕБОР.

Употребата на приходите ќе биде ограничена за покривање на потребите за ликвидност и нема да се користи за финансирање на какви било операции и инвестиции поврзани со фосилни горива.

Претходно, генералниот директор на државните електрани, Васко Ковачевски, пред месец и пол дена го најави ова задолжување.

- ЕБОР дава можност за кредитно задолжување со камата под 1 процент, исплата на 6 години со грејс период од 6 месеци. Станува збор за сума од 50 и 100 милиони евра за покривање на разликата од производната и продажната цена, најави Ковачевски.

Тој најави дека со новите проекти ќе се обезбеди производство на електрична енергија од 1.760 мегавати, додека бројот на вработени во АД ЕСМ ќе се намалува по прирооден одлив со одење во пензија.

Во текот на зимскиот и есенскиот период државата од својот буџет одобри 175 милиони евра за надминување на енергетската криза која ја менаџираше ЕСМ. Акционерското дриштво во државна сопственост подоцна доби и позајмици од подобростоечките претпријатија.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?