05 Декември, 2025
0.0623

ДЗСИ УТВРДИ ПРОПУСТИ: Димитриевски ќе биде казнет

Објавено во: Македонија 26 Април, 2020 15:07

Добивај вести на Viber

Низа пропусти утврдил Државниот здравствен и санитарен инспекторат во случајот со градоначалникот на Куманово. Градоначалникот Максим Димитриевски, смеел да го напушти својот дом само во случај на влошување на здравствената состојба и тој требало да биде транспортиран исклучиво до соодветно инфективно одделение, рече денеска директорката на инспекторатот Ирина Сотирова-Бухова. Димитриевски еднаш беше позитивен, а потоа објави дека на своја иницијатива сам отишол да направи контрола во приватни клиники. 

Во итната службата евидентирани се М.Д и лице Г.,  како итни случаи. По направената ренген сликата, за едниот е препишана веќе пропишана терапија, а за другиот дека нема потреба од терапија и се упатуваат на домашно лекување. Истите се секојденво контактирани од матичните лекари и немаат дадено податок за влошување на здравствената состојба. Лицата за кои на 16 април е издадено решение за домашно лекување, не постапиле по решението. Тоа е казниво, за што ќе се изрече прекршочен прекршок од 300 до 600 евра, рече Бухова.

Другите пропусти се во однос на постапувањето на Итната медицинска помош.

ДСЗИ спровел два вонредни инспекциски надзори во Куманово за утврдување на фактичката состојба во болницата и во општината во однос на почитување на протоколите.

„Констатирано е дека првото тестирање е извршено на 26 март на 28 лица од Кризниот штаб на Куманово и добиени се 28 негативни резултати. На 12 април беа земени 38 бриса и добиени се 5 позитивни резултати и издадени се решенија за 37 контакти. И првото и второто тестирање поминале без епидемиолошка анкета, сите тестирања се спроведени како скрининг, епидемиологот спровела скрининг. Ова е прекршок според Законот за заштита на населението од заразни болести.

Друг прекршок е сторен кога се земени брисевите во просториите на општина Куманово, што е спротивно на протоколите. Брисеви се земаат исклучиво во објекти на јавното здравје. Сторена е повреда на лица за непочитување на домашно лекување, непостапување по решение. Утврдена е неправилна евиденција во службата за итна медицинска помош, каде што во тек е вонреден стручен надзор“, изјави директорката на ДСЗИ.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија