ЏОН ТРАВОЛТА СКРШЕН ОД СМРТТА НА ОЛИВИЈА ЊУТОН ЏОНС: Сенди, повторно ќе бидеме заедно, твојот Дени
Објавено во: Свет 09 Август, 2022 07:16
Оливија Њутн
Џонс, ѕвездата на безвременскиот филмски хит „Брилијантин“ почина по
триесетгодишна борба со ракот на дојката, а тажната вест ја потврди и нејзиниот
сопруг.
Нејзиниот колега и голем пријател Џон Траволата, со кој глумеше во култниот филм, се огласи на социјалните мрежи и му покажа на светот колку е скршен од болка поради нејзината смрт.
- Најдрага моја Оливија, ги направи сите наши животи многу подобри. Твоето влијание беше неверојатно. Те сакам многу. Ќе се видиме на патот и сите повторно ќе бидеме заедно. Твој од првиот момент кога те видов и засекогаш! Твојот Дени, твојот Џон - напиша Џон Траволта покрај фотографијата на Оливија.
Во 1978 година, Оливија и Траволта играа во познатиот „Брилијантин“ во режија на Рандал Клајзер. Таа беше Сенди Олсон, а тој Дени Зуко. Филмот постави стандарди на многу полиња, а донесе и бројни култни сцени и реплики кои публиката сè уште не ги заборава, додека помладите генерации со задоволство го гледаат безвременскиот филмски хит од некои минати времиња.
Оливија Њутн-Џон и Џон Траволта повторно беа заедно во 2019 година по повеќе од 40 години од снимањето на легендарниот филм.
ФОТО: EPA/MARIO RUIZ
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




