09 Мај, 2024
0.0250

Џиновски чекор на малата банка! „Силк Роуд Банка“ го зголеми кредитирањето за 11 отсто

Објавено во: Економија 05 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Во остра конкуренција за секој кредитобарател да го зголемиш кредитното портфолио за 11 отсто е голема работа. Особено ако се знае дека станува збор за една од трите најмали банки на домашниот пазар

Остра конкуренција, мал простор за пазарно учество, борба за секој клиент. Грижа за секој штедач, должно внимание и партнерски однос за секој кредитобарател. Тоа е секојдневието на најмалите банки на македонскиот банкарски пазар. И во такви услови лани „Силк Роуд Банка“ има, скромно речено, солидни резултати.  
„Силк Роуд Банка“ е во редот на три најмали деловни банки заедно со најмалата „Капитал банка“и малку поголемата ТТК Банка. Во таа група на најмали деловни банки (со актива помала од 10 милијарди денари) најголема е Еуростандард банка.

Што направи Силк Роуд Банка лани?

Во оваа остра конкуренција Силк Роуд Банка успеала да прокнижи раст кај следниве клучни индикатори: раст на активата за 8,8 отсто, раст на нивото на бруто кредити за 10,9 отсто, со особен раст кај кредитите на домаќинствата за 15 отсто. Во условите во кои работат најмалите банки тоа се навистина резултати за поздравување.

Активата на „Силк Роуд Банка“ на крајот на 2019 година достигнала 111 милиони евра и во споредба со претходната година пораснала за 9 милиони евра односно за 8,8 отсто.

Бруто кредитите на „Силк Роуд Банка“ достигнале 74,32 милиони евра на крајот на минатата година. Во споредба со крајот на 2018 година тие се зголемени за 10,9 отсто односно се повеќе за 7,3 милиони евра. При тоа кредитит е на компаниите се зголемени за 1,8 милиони евра до ниво од 26,8 милиони евра. Кредитите на населението се зголемени за 15 отсто до износ од 47,2 милиони евра од ниво од 41 милиони евра во 2018 година.

Состојбата кај депозитите на нефинансиски субјекти е следна: износот на вкупни депозити на крај на декември лани е 78,1 милиони евра. Од тоа фирмите носат 20,9 милиони евра, а домаќинствата 42,5 милиони евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?