Џихадистите од „Исламска држава“ ја презедоа одговорноста за нападот во Чеченија
Објавено во: Свет 24 Март, 2017
Терористичката oрганизација „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот врз руска воена база во Чеченија.
Во соопштението на „Исламска држава“, стои дека шестмина напаѓачи упаднале во „воена база на руската Национална гарда во близина на селото Наурскаја, северозападно од градот Грозни, Чеченија“. Се вели, исто така, дека „тие имале судир со лесни оружја со војската за неколку часа“.
Се наведува дека сите напаѓачи загинале за време на нападот.
Претходно, портпарол на руската армија изјави дека група од осум екстремисти се обиделе да упаднат во гарнизонот на Националната гарда во областа Наурски, северна во Чеченија. Во инцидентот убиени се шестмина екстремисти, а двајца успеале да избегаат.