Џамбаски сака да нема граница од Охрид до Црно Море
Објавено во: Македонија 18 Мај, 2022 19:10
Eвропратеникoт Ангел Џамбаски смета дека поранешниот македонски премиер и ко-основач на новиот Клуб за пријателство меѓу Македонија и Бугарија, Љубчо Георгиевски „е впрегнат да трча напред-назад за да го објасни новиот наратив“.
Вели дека тоа требаше да започне со заедничката декларација потпишана во 1999 година меѓу Бугарија и Македонија.
„Над 20 години сме сведоци на фалсификати, манипулации, дискриминации, физичко самоосакатување на Бугари и што уште не, спротивно на сите документи и ветувања. Сега пак се обидуваат да ни ја понудат старата песна „пуштете не, па ќе видиме“. Да, но не. Властите во Скопје мора да преземат брзи и одлучни чекори за да ја потврдат својата посветеност на добрососедските односи. Наместо тоа, сведоци сме на постојани провокации, се повеќе фалсификати и закани за надворешен притисок", објави Џамбаски на Фејсбук.
Џамбаски го советува Георгиевски, „да не стануваа емисар на оние што ве маргинализираа“.
„Мислам дека и двајцата сакаме да нема граница од Охрид до Црно Море, но тоа не треба да се случува на сметка на правата на Бугарите во Македонија и историската вистина", наведува Џамбаски.
Пред два дена Џамбаски заедно со неколку поддржувачи на бугарската партија ВМРО-БНД не дозволија да се одржи предавање во Софија на новоформираниот Клуб за бугарско-македонско пријателство, на кој требаше да зборува токму Георгиевски.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




