ЏАФЕРИ: Јас немам комплекс со што доаѓам на работа, дали со „мерцедес“ или со приватно возило
Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2024 16:53
Техничкиот премиер Талат Џафери рече дека не му претставува проблем со какво возило ќе оди на работа.
„Јас немам комплекс со што доаѓам на работа, дали со „мерцедес“ или со приватно возило“, изјави премиерот на преодната Влада, Талат Џафери, кој денеска ја презеде функцијата од досегашниот премиер Димитар Ковачевски.
Тој дента кога беше избран во Собранието, пристигна во своето родно село Форино со службен „мерцедес“ и со полициско обезбедување.
Новиот премиер кажа дека Владата има компетенции и одговорности според Уставот и законите.
Собранието вчера со 65 гласа „за“ и тројца „против“ ја изгласа техничката влада со која ќе раководи Талат Џафери. На седница присуствуваа 111 пратеници. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се воздржаа од гласањето за техничката влада.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




