ДВЕ МИНИМАЛНИ ПЛАТИ: Црна Гора објави колку ќе заработуваат оние со средно и другите со повисок степен на образование
Објавено во: Економија 13 Август, 2024 14:43
Се зголемува минималецот во Црна Гора. Оваа земја воведува две минимални плати – од 600 и 800 евра. Минималецот во јуни годинава изнесуваше 532.5 евра.
Државата воведува две минимални плати за вработените во зависност од образованието. За оние со средно и пониско образование минималецот би изнесувал 600, а за вработените со вишо и повисоко образование од тоа – 800 евра.
Ваква измена на Законот за труд изгласа Социјалниот совет, а останува истата да ја усвои Собранието.
Воведување две минимални плати е дел од нацртот на фискалната стратегија на Владата, како и на политичката програма „Европа сега 2” за да може статистички да се дојде до просечна заработка од 1.000 евра. Премиерот Милојко Спајиќ ја поздрави одлуката за зголемување на минималецот.
Во 2020 година минималната плата изнесувала 222 евра. Сега со најавеното зголемување таа би се зголемила за скоро четирипати.
foto freepik.com/claudiodiv
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




